Советувалиште за родителите Previous item Објект „ Сончогледи “ Next item Contacts

 

Нешто за појавата на неконтролирано мокрење кај децата

– Енуреза

Почитувани родители, можеби сте загрижени затоа што Вашето дете понекогаш или често неконтролирано мокри за време на спиењето преку ноќ или во текот на денот? Ова е непријатна состојба за која родителите избегнуваат да зборуваат, но треба да знаете дека ова им се случува на околу 5-10 % од децата до седумгодишна возраст.

Неконтролираното мокрење и останатите потешкотии поврзани со мокрењето претставуваат голем психолошки проблем за децата , тие се повлекуваат во себе, одбиваат да се дружат со врсниците заради страв од ненамерно мокрење, родителите често заради недоволна информираност, често неправедно ги казнуваат со што дополнително им ја зголемуваат психолошката напнатост.

Енуреза е неконтролирано мокрење на детето повеќе од два пати во текот на месецот и тоа после возраста кога е веќе воспоставена нормална контрола на мочниот меур(4-6години) во „отсуство„ на конгенитални или стекнати дефекти на мочниот меур.Постои дневна и ноќна енуреза.Поретки се случаите на уринарна инконтиненција(губење на контрола на мочниот меур) и дење и ноќе што пак претставува мешана енуреза.За дневна  енуреза зборуваме односно се однесува за деца кои се постари од 4 години,а ноќна кај деца над 6 годишна возраст.Традиционална поделба на енурезата се врши на примарна и секундарна.

Кога станува збор за примарната енуреза типично е невоспоставувањето на контрола на мочниот меур од раѓањето,на секундарната енуреза својствено и е пореметување на контролата после континуирано сув период  во траење подолго од 6 месеци.

Иако повеќето деца со енуреза се здрави деца и не е потребно лекување таа (дневната  енуреза) често знае да биде предизвикана и од намерно задржување на мокрачата односно игнорирање на сигналот на телото дека мочниот меур е полн .Но сепак постојат и органски причини за појава на енуреза како на пример инфекции,анатомски абнормалности на уринарениот  систем,стресот,анксиозноста  и.т.н.

Лекување

Лекување не е потребно кај поблагите случаи бидејќи повеќето деца природно ја надминуваат оваа состојба. Но ако енурезата влијае лошо на самопочитта на детето треба да се размисли за примена на лекување.

Третманот кај ноќната енуреза бара примена на нефармаколошки и фармаколошки мерки.

Во нефармаколошки мерки спаѓаат рестрикција на течности во вечерните часови, будење и измокрување , психотерапија, диетна терапија, тренинг на мочниот меур каде што планирано се носи детето во тоалет постепено со подолги интервали на пример на секои два часа,со цел детето да се навикне надолготрајно задржување на урината,која што ќе помогне на зголемување на меурот. Исто така се покажало и дека употребата на аларм системите се најефикасно средство за благовремено будење и инхибирање на уринирањето со високи 70% на излечени случаи.

Дополнителни совети  кои родителите може да ги применат за да му помогнат на детето  се:

  • детето никако „не„ смее да се казнува заради мокрењето во кревет и на неприкладни места,туку е потребно стрпливост и позитивен став кон учењето не детето за користење на нокшир и тоалет,охрабрувајќи го и изразувајќи доверба во него;
  • вклучето го детето во менување на мокриот чаршав заедно со вас, секогаш користете убава и пријатна постелнина со што ќе му покажете дека имате доверба во детето за надминување на состојбата, затоа што користењето на стар постелнина, ставање на дополнителни „крпи“ кај детето може да предизвика негативни чувства,
  • никогаш за „ проблемот“ не разговарајте со други лица во присуство на детето,
  • ако го запишувате во градинка, запознајте ги воспитувачките со потешкотиите со кои се среќава вашето дете како би се избегнале непријатни ситуации за време на престојот во градинка.

Ако оваа состојба не се надмине во одреден период, или пак се зголемува бројот на неконтролирано мокрење тогаш за  успешно надминување на овој проблем потребно е задолжителна посета, консултации и препораки од лекар  за понатамошно постапување и лекување.

Татјана Петрова, дипл. мед. сестра

ОЈУДГ „ Астибо “ Штип

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial