Заедничкото читање сликовници со нашите деца претставува можност за заедничко дружење.
Сликовниците ни откриваат нови перспективи, ни помагаат да го откриеме задоволството на истражувањето, како дa дојдеме до нови идеи или да ги прошириме и збогатиме оние кои веќе ги имаме. Kнигите нé поттикнуваат на акција.Тие можат да ни дадат идеја да создадеме нешто ново, да отидеме некаде,да разговараме со другите луѓе и да обрнеме внимание на нештата, настаните и луѓето околу нас. Дозволете им на децата слободно да ја користат својата имагинација. Смислете интересни активности после читањето на сликовниците. Проширете ги темите за разговор кои ги нудат овие текстови. Поставувајте отворени прашања кои го поттикнуваат критичкото мислење кај децата и ја развиваат нивната креативност. Читањето сликовници е само мал чекор во процесот на континуирано учење кој трае цел живот и треба да бидеме горди што им помагаме на нашите деца во тој процес.
Ова е само првиот чекор во светот на фантазијата.
Приказна за двајца пријатели
Бурсунсул и Паскулина
Две кучиња живееја во една куќа, едно големо и едно мало куче.Големото куче беше црно. Неговото име беше Бурсунсул. Малото куче беше бело. Нејзиното име беше Паскулина.
Бурсунсул имаше црна пуфкаста опашка со голема бела точка.Паскулина имаше куса бела опашка со мала црна точка на крајот.
Бурсунсул имаше долги виснати уши, а Паскулина имаше мали ушиња.
Кученцата не личеа ниту на едни други кучиња. Можеби и затоа имаа толку чудни имиња.
Кога кучињата си играа, Бурсунсул ја прескокнуваше Паскулина, а Паскулина се спровираше под Бурсунсул.
Ако сретнеа мечка во шумата, Бурсунсул ќе ја избркаше. Ако налета на лисичја дупка, Паскулина ќе се протнеше во неа и ќе ја истуркаше лисицата надвор.
Ноќе , Бурсунсул спиеше на еден голем шарен килим, а Паскулина спиеше веднаш до него на малечка шарена перница. Кога беше многу студено, кученцата ќе се стуткаа едно до друго и така се топлеа.
Секој ден, Бурсунсул глодаше голема коска од својата голема чинија, а Паскулина јадеше малечко парче месо од својата малечка чинија.
Двете кученца беа многу добри пријатели. Но еден ден, се случи нешто страшно.
Паскулина ја украде сочната коска од чинијата на Бурсунсул. Бурсунсул беше изненаден. А беше и многу лут! Ја гризна Паскулина за увото.
Паскулина плачеше и плачеше. Нејзиниот плач се слушаше низ цела куќа. На Бурсунсул му беше жал за Паскулина, но се уште беше лут!
Таа вечер легна подалеку од Паскулина.
Следниот ден, Бурсунсул и Паскулина не си играа во тревата. Ниту пак, отидоа во шумата.
Колку само беа тажни!
Наеднаш, Бурсунсул ја поттурна чинијата со коска кон Паскулина. Таа среќно мавна со опашот, а Бурсунсул скокна преку Паскулина и мавна со опашката.
Зошто?
Затоа што на секое куче на светот: големо или мало, црно или бело, со долга опашка или со куса опашка му е потребен пријател.
И така, големиот црн Бурсунсул и малечката бела Паскулина отрчаа повторно кон шумата и си играа заедно
Ајде сега ние да си играме, да бидеме срекни како Бурсунсул и Паскулина.
Разгледај ги сликите и пронајди ги соодветните ушиња и опавче на добрите пријатели.
Големи и мали членови на семејството – И помагам на мама со сервирање на прибор за јадење
Големо – мало низ игра и забава
Цртаме, боиме, сечиме и селектираме големи и мали чинии
Другарство
Деца без разлика на различностите на големи или мали другарството секогаш фали. Со вистинско другарство секогаш си среќен, затоа треба да се негува и чува.
Во играта разлики нема, големи и мали секогаш се дружат и среќни игри играат.
Нацртајте големи и мали другарчиња по сопствен избор.
Активностите го поттикнуваат активносто слушање, го збогатуваат детскиот речник и го поттикнуваат детското внимание и концентрација.Поттикнувањето на позитивно емоционално доживување и поттикнување на социо-емоционалниот развој кај децата се исто така многу важен сегмент од детскиот развој за кој приказните имаат свое огромно значење.Се поттикнува развојот на фината моторика, координацијата око-рака, координацијата на движење на делови од телото. Се поттикнува когнитивниот развој,збогатување на детското знаење и усвојување на поимите големо и мало.
Активноста е предлог на воспитувач Л.Симонова
Да го славиме пријателството и другарството секој ден . Една убава песна за другарството
Додади коментар