Ајде да раскажеме приказна на поинаков начин-ПЕПЕЛАШКА Previous item Игри од моето детство Next item Ајде да раскажеме приказна...

Ајде да раскажеме приказна на поинаков начин-ПЕПЕЛАШКА

Детството станува волшебно кога е исполнето со принцови, принцази, убави царства. Читањето на приказните се еден од најубавите начини ЗАЕДНО со своите деца да влеземе во едно убаво царство каде децата ќе  слушнат за различни настани и ќе им овозможиме да доживеат различни чувства. Некои ќе бидат пријатни, некои помалку пријатни но сепак ќе останат убав спомен од детството. За убаво и среќно детство и родителство читајте им и раскажувајте им приказни , сказни, бајки секојдневно на своите деца, во секоја прилика.

 

 

Си било еднаш…, некогаш во едно далечно време…, си живееше еднаш… Време е да навлеземе во светот на бајките, сказните, приказните. Денешен мој предлог е

ПЕПЕЛАШКА

Си живееше еднаш едно девојче, кое се викаше Пепелашка, заедно со својата маќеа и со своите две полусестри. Пепелашка ја извршуваше целата домашна работа, додека нејзините полусестри си уживаа по цел ден.Пепелашка беше симбол на убавина, додека нејзините сестри беа прилично неубави. Но, и во душата беа исто толку груби и лоши.

Полусестрите секогаш и даваа наредби за разни домашни работи, а Пепелашка без збор ги извршуваше, послушно и тивко. Еден ден во градот дојде гласник. ,,Ќе се одржи бал на кој принцот ќе си одбере невеста. Поканети се сите млади девојки,, рече тој. Сестрите веднаш почнаа да се подготвуваат. Пепелашка им ги пеглаше фустаните и им помагаше да се подготват. Но, на неа не и беше дозволено да оди на балот. Маќеата и нареди да ги измие  чиниите и да го светне подот.

Кутрата Пепелашка, си седна покрај огништето и почна да плаче. Но, наеднаш се случи нешто навистина преубаво-се појави една самовила! ,,Знам дека сакаш, да одиш на балот,,- рече самовилата. ,,Донеси ми една голема тиква,,- рече таа, па замавна со своето стапче и ја претвори во кочија.

Потоа замавна со стапчето околу парталавиот фустан на Пепелашка и го претвори во најубав свечен фустан, а на нозете и светкаа прекрасни стаклени чевличиња! ,,Сега можеш да заминеш на балот, но мора да се вратиш на полноќ“. Ако не успееш, пак ќе бидеш во парталавите алишта,, -рече самовилата. Кочијата брзо замина.

 

Кога Пепелашка влезе во палатата, принцот се вљуби веднаш во неа на прв поглед! Тие танцуваа цела вечер и само што сакаше да ја побара за жена, часовникот почна да отчукува полноќ.

Пепелашка веднаш ја напушти балската сала и трчаше накај дома колку што можеше побргу. Во брзина, едното стаклено чевличе и падна на скалите кај замокот.

Следниот ден, кралот објави дека принцот ќе се ожени со таа девојка на која и е точно стакленото чевличе!

Не постоеше ниту една девојка во царството што не го проба чевличето, но залудно. Дури и двете полусестри се обидуваа со сила да го облечат чевличето, но не успеаја.

Одеднаш , зад завесите излезе Пепелашка и рече:,, Ајде да видиме дали мене ќе ми биде точно,, и го облече чевличето. Нејзината маќеа збесна од завист, а принцот беше многу среќен и ја бакна.

,,Многу те сакам, дали ќе се омажиш за мене?- рече принцот, а Пепелашка се согласи. Принцот ја однесе Пепелашка во нејзиниот нов дом и направија голема свадба.

Така дечиња Пепелашка си живееше среќно со принцот до крајот на животот.

Видовме дека добрината е особина на луѓето која што ги краси и среќата никогаш нема да ги заборави. А вистинска среќа кај децата побудува играта и можноста за креативно изразување, па затоа ајде да си играме и да го направиме новиот дом на Пепелашка односно замокот на принцот.

ЗАМОК ОД ЦЕВКИ ВО БОЈА: За оваа активност е потребно лист од блок, цевки во боја, чачкалици, ножички и лепило.Пресвиткајте две цевки и залепете ги на средина од листот со што ќе добиете форма на куќа.Од двете страни исечете цевки и формирајте го замокот, додадете му врата и прозори, а на кровчињата со помош на чачкалици формирајте знаменца.Така замокот на Пепелашка ќе биде готов, а децата пресреќни.

Во текот на играта разговарајте со детето за формите кои можат да ги забележат. Дворецот е составен од три правоаголници.Укажете му на разликите во висината на правоаголниците.Прашајте го кој дел од дворецот е највисок а кој најнизок, кои бои на цефки ги има кулата која е во средината. Можете да ги преброите триаголниците на дворецот. Играјте со математичките поими преку интересен разговор со детето. Учењето може да биде забавно а играта е единствениот начин на кој детето учи. Затоа играјте, учете, уживајте со своите деца.

     

 

А, дечиња да ве прашам нешто, дали кај нас самовилите ги прават нашите чевли? Секако дека не.Така е само во бајките. Кај нас чевлите ги прават чевларите. Ајде сега ние да се обидеме да бидеме чевлари и да изработиме чевлички од хартија.

ЧЕВЛИ ОД  ДЕТСКА ФАНТАЗИЈА:За оваа активност е потребно картон, лепило, хартија во боја и креативност.На картонче нацртајте го стапалото на детето. Тоа ќе има за цел да ги исече  стапалата во пар. Потоа со помош на фломастери нека ги избојат по нивна желба. Одозгора нека им залепат полукружна лента од хартија во боја и нека ги декорираат според својата креативност.Оваа игра повторно е убава иинтересна прилика за учење со децата.Разговарајте за линиите со кои детето ги украсило своите чевли-дали тие се прави или криви линии,колку сер на број.Можеби ги украсило со кругови,пребројте ги споредете ја големината на круговите,разговарајте за нивната боја. Доколку имате два пара чевлички споредете ја нивната големина.Прашајте зошто чевличките на дада се поголеми, чии чевлички  се помали.

Децата поставуваат безброј прашања во текот на денот а и сакаат да одговараат на прашања кои ја поттикнуваат нивната љубопитност. Љубопитноста е една од најважните одлиќи на детството и е главен двигател на детското учење. Затоа е многу важно да ја задоволиме детската љубопитност која е патот за откривање на светот.

                     

               

ПАТИКИ СО ВРВКИ: За оваа активност е потребно картонче, темперни бои и врвки.На картончето нацртајте патики. Детето ќе има за цел да ги исече по контура и да ги избои со темперни бои.

 

         

Потоа н аправете им дупчиња за спровнување на врвката.Тие ќе треба да ја спровнат врвката низ дупчињата и да ја врзат.Доколку не можат да ја врзат ќе можат да вежбаат и да научат да си ги врзуваат и врвките од своите патики.

 

          

 

               

Со овие активности се поттикнува способноста за користење на дланката и прстите од двете раце, се развива фината моторика, се развива координацијата око-рака, се поттикнува интересот кон користење на различни ликовни и неликовни материјали за креативно изразување,се збогатува речникот и се развива љубовта кон изразното читање,а секако се поттикнува и развојот на позитивни емоции.Активностите го поттикнуваат когнитивниот развој и овозможуваат стекнување на знаења за различни видови на линии, геометриските форми(правоаголник,круг,триаголник,квадрат),поимите големо-мало,поголемо-помало, високо -ниско. Се поттикнува способноста  на детето за споредување на количини, форми, бои.Се поттикнува усвојувањето на броевите и бројните количини.

Активноста е предлог на воспитувач Е.Пиперевска

 

 

Во продолжение на следниот линк може да ја слушнете Пепелашка раскажана на поинаков начин.

 

За крај и една убава песничка за сите дечиња кои што беа вредни чевлари.

 

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial