ДРВОТО МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ Previous item БЕЗ ПРИЈАТЕЛИ,ЖИВОТОТ Е ТАЖЕН Next item ЈАГОДИ

ДРВОТО МОЈОТ ПРИЈАТЕЛ

 

 

Во шумата има многу дрвја , различни по големина, дебелина и висина. По цел ден високите дрвја им раскажуваат на малите дрвја што се движи по небото, а малите дрвја им раскажуваат што се движи по земјата. Така малите дрвја можат да ги видат крадците на дрвја,  а високите дрвја ги гледаат пожарите што понекогаш ги има во шумите. Тие најмногу се плашат од крадците на дрвја и несовесните посетители кои предизвикуваат пожар. Кога доаѓаа во шумата,  крадците на дрва сечат се наоколу. Младите дрвца се плашат дека ќе бидат исечени,  а тие уште не пораснале како што треба. На големите дрвја не им беше страв,  зошто се веќе големи и треба да бидат исечени , но на нивно место треба да посадат други, млади  дрвца. Крадците беа несовесни , сечеа и млади и стари дрвја, но никогаш не садеа млади дрвца.

Кога доаѓаше шумарот за да ги обележи дрвјата што треба да бидат исечени, дрвјата знаеја дека тој никогаш нама да обележи младо дрвце. Потоа доаѓаа дрварите , ги сечеа обележаните дрвца, ги товарат во камион и ги носат во фабрика за мебел или ги продаваа за огрев.

Големите дрвја се радуваа и разговараа меѓу себе

-Од мене ќе направат плакар во детска соба. По цел ден ќе ги гледам децата насмеани и разиграни.

-Од мене ќе направат кревет. Можеби и јас ќе бидам во детска соба.

-Од мене ќе направат маса и столови. На нив ќе седи цело семејство.

-Колку ќе  се радувам кога од мене ќе направат дрвени коцки, па децата со нив ќе градат кули, улици и се што ќе посакаат.

-Јас ќе се радувам ако ме искористат за огрев. Тогаш на сите ќе им биде топло, па ќе можат да играат, да работат и да учат.

Автор-Катица Трајкова

Дрво од кибритчиња

Потребен материјал

-лист од блок

-4 или 5 кутиички со ќибритчиња

-лепак

-темперни или водени бои

-четка за боење

На лист хартија нацртајте дрво.Тоа ќе биде основа која  детето ќе ја исполни со шкорчиња од кибрит.Разговарајте со детето дека и шкорчињата се добиваат од дрво,укажете им на користа од нив но и на опасноста.Детето нека го исполни просторот по своја желба.Откако ќе го излепи  детето нека го обои дрвото.

         

 

Да продолжиме со движење и весело дружење.

 

Рачиња-гранчиња

Искористете ја наредната прошетка со вашето дете во природата за оваа интересна игра. Ајде да бидеме дрвце. Дрвцето сеуште е мало, тоа е ниско и е блиску до земјата. Полека дрвцето почнува да расте . Ги протега своите гранки нагоре. Детето клечи со малку поткренати раце.  Доколку имате можност нека застане детето до ниско дрво со цел постепено усвојување на поимите високо и ниско.

               

Дрвцето почнува да расте. Ги протегнува своите гранки високо нагоре кон небото. Детето стои со високо испружени раце. Детето нека застане до високо дрво за да ја забележи разликата помегу високото и ниско дрво.

 

Се појави ветрето  и почна да ги движи гранчињата на дрвото. Прво дуваше полека и ги движеше гранчињата на лево, а потоа дувна од другата страна па ги дувна гранчињата на десно. Децата полека ги движат рацете на лево и на десно .

       

Верето почна се посилно и посилно да дува. Гранчињата на дрвото се свиткаа на лево до земјата .Потоа ветрото пак задува силно од другата страна па гранчињата  се свиткаа на десно до земјата.

         

На ветрето му се допадна играта со дрвцето па продолжи да го менува правецот од каде што дуваше.Почна да ги дува гранчињата напред, а потоа се предомисли па ги дувна гранчињата назад. Детето ги движи рацете нанапред а потоа наназад.

             

Со овие активности  кај децата се поттикнува стекнување на поголеми и побогати искуства и знаења за предметите и појавите што не опкружуваат.Развивање на способност за добра координација на око-рака и заајаакнување на дланката и прстите.Се поттикнува усвојувањето на поимите високо-ниско, лево-десно, напред-назад, горе-долу.

 

Активноста е предлог на воспитувач  К.Трајкова

Да го продолжиме ова убаво другарување со една убава песна.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial