ЛЕГЕНДА ЗА ЧАЈОТ Previous item ФУДБАЛ Next item БЕЗ ПРИЈАТЕЛИ,ЖИВОТОТ Е ТАЖЕН

ЛЕГЕНДА ЗА ЧАЈОТ

ЛЕГЕНДА ЗА ЧАЈОТ 

Некогаш, многу одамна, преку високите планини, преку многу мориња, преку полиња и ливади, во Јапонија , каде што сонцето најпрво излегува, живееше малиот принц Шен.

Секое утро, принцот Шен стануваше рано и го слушаше цвркотот на птиците во својот двор. Но едно утро кога стана, дотрча до прозорецот, го отвори и наслушна, но не слушна ништо. И навистина, беше потполна тишина. Принцот Шен беше тажен  и полека, со наведната глава, тргна назад кон својата соба. Во долгиот ходник го виде својот висок поголем брат. Брат му забележа дека Шен е тажен, па го праша која е причината за неговата тага. Откако принцот Шен му раскажа зошто е тажен, брат му реши да одат во блиската шума каде што сигурно има птици. Го фати принцот Шен и тргнаа.

Тивко му шепна на Шен дека треба да одат на прсти, за да не ги разбудат родителите . Одејќи на прсти стигнаа до големата врата , полека ја отворија и излегоа од дворецот. Тогаш потрчаа низ дворот и брзо стигнаа на ливадата.

Големиот брат му рече на принцот Шен:

„ Тревата е водена, оди вака за да не си ги наводениш прстите на нозете “.

Погледни овде долу, има куќичка која ја направиле мравките.

А сега прескокни ја вака за да не ја срушиме. Стигнаа во шумата и погледнаа околу себе  за да видат каде се птиците.

Се чудеа, се гледаа замислено, но никаде не видоа ниедна птица.

Големиот брат  му рече на принцот Шен : „ Сигурно се скриени некаде птиците, да седнеме тука под дрвото, да се скриеме.“

Во тој момент се слушна цвркотот на птиците .

„ Тука се птиците  Шен, седи и уживај во нивната песна додека да подготвам вода за да се напиеме за да се освежиме.

Принцот Шен седна до дрвото  со зaтворени очи и уживаше во песната на птиците и мирисот на тревата.

Големиот брат се врати, го стави бокалот со топла вода меѓу нив за да се излади. Во тој момент дувна тивко ветре и неколку ливчиња од гранката паднаа во бокалот. Принцот Шен не го забележа тоа, но пријатен мирис почна да се шири наоколу. Кога ја зеде чашата за да се напие вода виде дека водата добила и некаква боја. Бато, види ја мојава вода!“

Брат му ја погледна водата во чашата на  принцот Шен и се напи една голтка за да ја проба. Вкусот беше многу убав. Му ја врати чашата на Принцот за да проба и тој. Принцот Шен голтка по голтка ја испи целата содржина од чашата. Му беше и убаво и топло.

Оттогаш  па до денешен ден се пие насекаде низ светот и сите го нарекуваат чај.

 

 

Создавањето на здрави навиќи кај децата е многу важно.Пиењето на чај е една од нив.Искористете ја можноста за дружење со децата ЗАЕДНО пиејки чај.

 

Убавиот вкус чајот го добива од билките. Овие билки се викаат лековити билки бидејки имаат  позитивно влијание врз нашето здравје.Ајде да се запознаеме со некои од нив.

 

 

 

НЕВЕН-Ова растение има нежни цветови со портокалова боја.Може да го сретнеме скоро во секоја градина,каде е многу убав украс. Но многу е важно што е и многу лековит.Поради ова го нарекуваат и „цвет за сто болести“ .Овој убав цвет потекнува од далечната Индија.

 

              

 

КАМИЛИЦА– Оваа билка исто така се вика и вртипоп.Сигурно сте ја сретнале кога сте биле на некој излет со родителите.Ја има насекаде.Цветчињата се мали и бели и шират прекрасен мирис.

 

 

 

НАНЕ-И од оваа лековита билка се прави вкусен чај.Кога не боли стомак, овој чај е првиот лек.Го има насекаде во светот, во Европа,Азија,Америка,Австралија.Има нежно темно зелено стебло и мали ситни виолетови цветчиња на врвот.Се користи и како зачин и на јадењето му дава прекрасен вкус.

 

                                   

 

МАГДОНОС-Оваа билка исто така ја има во секоја градина.Треба да се знае дека без него супата нема да е вкусна, ама и  на чајот од него е многу здрав.Магданосот има зелена боја а кога ќе е доволно зрел добива мали ситни жолти цветови.

 

 

ЖАЛФИЈА-Ова лековито растение потекнува од Азија.Има убава зелена боја, а цветовите се мали виолетови во форма на мали устенца

 

     

 

Овие растенија се користат за да се направат вкусни чаеви,се користат како зачини.

Многу се значајни бидејки се дел од многу креми,помади а и лекови.

 

 

Искористете ја нареднат прошетка и соберете некои од лековитите билки.Создатете своја БИЛНА АПТЕКА.

 

                            

 

ЧАЈАНКА ВО ДВОРОТ

Ова е прекрасен начин за дружење.Дозволете му на детето да го избере својот омилен вкус.Подгответе го чајот и уживајте во заедничките моменти.Чајот е вкусен во секое годишно време.

 

 

     

 

Оваа активност е добар начин со кој се поттикнува

 

-Когнитивниот развој-се стекнуваат знаења за растенијата и нивните својства,боите,формите.

-Поттикнување на фината моторика и координација око-рака.

-Поттикнување на позитивни емоционални доживувања.

-Збогатување на детскиот речник со нови зборови

 

За крај една убава песна за дарежливата природа која ни ги подарила овие важни билки.Да и врати ме грижејки се за неа.

 

 

 

 

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial