ФУДБАЛ Previous item Е-занимална-„Пат до... Next item ЛЕГЕНДА ЗА ЧАЈОТ

ФУДБАЛ

 

Фудбалот е игра за које знае целата планета Земја. Го сакаат и децата и возрасните. Затоа преставува вистинска прилика за заедничко поминато време со семејството. Со следните активности и игри се стекнуваат вештини  поврзани со овој спорт. И татковците и мајките се рамноправни играчи со децата во нашата игра.

Да играме  ЗАЕДНО со нашите деца. Можеби мегу некое од децата ќе го препознаеме новиот талент кој ќе го гледа секој љубител на фудбалот по десетина години.

Потребни се само топка,спортска комотна облека, патики,  убаво време.

Ајде да започнеме.

 

ЗАГРЕВАЊЕ-ИГРА ТОЧКА СТОЈ!

Оваа игра е форма на брканица. Едно дете ги „лови“ останатите деца. Кога ќе допре дете извикува „Точка –стој!“ . Фатеното дете стои до момент дури да го ослободи друго дете-допирајки го. Децата ги менуваат улогите на кратки интервали од неколку минути.

 

 

 

РАЗГИБУВАЊЕ СО ТОПКА

Движете го телото и деловите од телото, држејки топка во рацете.

                   

 

-Држете ја топката во раце па спуштете ја на земја.

                                  

 

 

 

-Мегусебно додавајте ја топката со внатрешниот дел од стапалото , а сопирајте ја со целото стапало.

 

 

 

 

-Топката која ја држете во раце пуштете ја и обидете се да ја сопрете со предниот дел од ногата пред да падне на земјата.

                            

-Шутирајте кон голот и обидете се да постигнете гол. Обидете се да шутирате на различни начини.

 

 

 

По краткото загревање следува натпревар.

 

Играјте мали против големи, машки против женски, ….но пред се мислете и внимавајте на фер плеј, за да може натпреварот да биде забавен.

ВИ ПОСАКУВАМ ПРИЈАТЕН ФУДБАЛСКИ ДЕН.

Како и секој друг спорт и фудбалот е од одромно значење за моторниот развој на децата. Крупната моторика како и способноста за кординираност на движењата на целото тело и на деловите од телото се од значење за целокупниот развој на детето а ова е начин истите да се поттикнат. Позитивното емоционално доживување, натпреварувачкиот дух, самодовербата  исто така  се поттикнуваат со оваа активност.

 

Активноста е предлог на воспитувач Д.Б. Кировска

Натпреварот да го завршиме со убава песна.

 

 

 

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial