Приказна за кучето кое било тажно или среќно? – одлучете вие Previous item МАЛИ УМЕТНИЦИ... Next item „Вежбаме Ние, Вежбајте и Вие“

Приказна за кучето кое било тажно или среќно? – одлучете вие

 

Еден ден Сашко и Маја излегоа да си поиграат во паркот. Играјќи си тие забележаа едно кученце седнато  во тревата кое постојано гледаше во нив, како да сакаше да им каже нешто. Децата се доближија до кученцето за да го погалат и да си поиграт со него.

– Леле колку е слабичко, кутрото, сигурно е гладно – рече Маја.

– Вауу, ав,ав – залаја кученцето.

– За ова кученце сигурно никој не се грижи, затоа е толку слабо – забележа Сашко.

– Ајде да го земеме со нас и да го однесеме дома. Ќе се грижиме за него, ќе го нахраниме, ќе го искапиме – предложи Маја.

– Знаеш дека мама не сака да чуваме домашно милениче дома – загрижено одговори Сашко.

– Но, жал ми е да го оставиме кученцето вака само и гладно – одговори Маја.

– Не , Маја, знаеш дека мама многу ќе се налути. Ајде , дојди да одиме дома.

Тие го оставија кученцето во паркот и тргнаа кон дома. Кога го слушна ова , кученцето жално залаја.

– Вауу, ав, ав, – мене никој не ме сака вакво слабичко и  гладно. Знам што ќе направам , ќе одам по децата, па можеби тие ќе се предомислат и ќе ме земат кај нив дома.

Кога пристигнаа пред куќата, Сашко и Маја ја отворија вратата од дворот, кога нешто претрча пред нивните нозе.

– Еј, тоа е кученцето. Што ќе правиме сега? Мама ако го види многу ќе се налути – се загрижи Сашко.

– Ќе го скриеме додека да го нахраниме и да закрепне, а потоа ќе видиме што ќе правиме.

Така и направија. Го сокрија кученцето. Секој ден му носеа храна и го негуваа. Но, мајка им забележа дека децата носат надвор храна. ,,Каде ли ги носат сендвичите: Мора да откријам ,, – си помисли таа.

Еден ден кога Сашко и Маја му носеа храна на кученцето, мајка им ги следеше и така откри што се случува. Децата и раскажаа за гладното кученцето и како тие се грижат за него.

– Мамо , дозволи ни кученцето да остане кај нас. Многу го засакавме, ние ќе се грижиме за него.

Кога виде мајката колку децата го сакаат кученцето и колку убаво се грижат за него им дозволи да го задржат. Кученцето набргу закрепна, се разигра , па Сашко и Маја им го покажаа миленичето на другарчињата и им раскажаа за нивната случајна средба и нивното големо пријателство.

 

                      

Автор – Катица Трајкова

Драги другарчиња, можеби некои од вас имаат домашно милениче кое многу си го сакате. Но, треба да знаете дека покрај љубовта што му ја давате, треба да се грижите и за неговото здравје, треба  да биде нахрането, избањато и секој ден треба да го однесете во паркот за да се изнатрча.

 

Ова е  Мина, домашно милениче , за кое се грижат Горан и Марија.

 

          

Цел на активноста

– Поттикнување на користење на проширени реченици од три и повеќе зброви

– Поттикнување на раскажување на сопствени доживувања и случки

– Опишување на активности на слика

– Развивање  и негување на чувство на љубов кон животните

 

 ДОЦРТАЈ Почитувани родители, следните активности ќе ги започнете вие, а ќе продолжат децата. Нацртајте кученце, куќичка и сонце , но со испрекинати линии. Потоа децата со молив или фломастер треба да го доцртат цртежот следејќи ги испрекинатите линии и да го обојат. Почитувани родители не е важно дали ќе бидете задоволни од тоа што ќе го нацртате, важно е заедно да се забавувате.

 

                                 

 

    СЛОЖУВАЛКА  И оваа активност ќе ја започнат родителите ,а ќе продолжат децата. Почитувани родители, нацртајте кученце и коска на два листа. Едниот лист исечете го како што е покажано на примерот. За децата на четири годишна возраст доволно е да го го исечете листот на осум дела. Така сте направиле сложувалка. Другиот цртеж ќе им помогне на децата полесно да ја состават слагалката.

                                           

Цел на активноста

-Развивање на чувство за убаво (ликовна уметност)

-Развој на истрајност и упорност во работата

-Усвојување на вештина за правилно користење на молив, боички

-Цртање по линии

-Координација око-рака

 

Активноста е предлог на воспитувач К.Трајковска

Ајде да продолжиме со уште интересни активности.Сега малку повеќе скокање,трчање радување.И повторно дружење со кученце. Ајде да  започнеме.

 

НАХРАНИ ГО КУЧЕНЦЕТО

 

ЗАЕДНО со детето нацртајте коски и дозволете му на детето да ги исече.Залепете ги коскитаена парче од картон за да бидат поцврсти.За играта ќе ви бидат потребни и најразлични реквизити како што се јаже за скокање,сад,топка,креда,сад за кученцето.

пронајдете соодветен простор и уживајте во заедничката игра која вклучува многу движења,скокања,радост.

Целта е да се стигне до садот на кучето и да му се однесе коска,а  да се движи на најразлични начини.Еве неколку предлози.

      

 

Начин 1.    Додека одиш по нацртана линија, свртувај го телото налево па надесно додека да стигнеш до целта.

 

         

Начин 2. До садот за храна скокај на едната нога, а кога ќе се враќаш назад скокај на другата нога.

 

    

Начин 3. Онеси му храна на кучето скокајки со големи скокови(чекори).

 

            

Начин 4.  До садот за храна трчај најбрзо што можеш(шпринт).

           

 

Начин 5.  До садот за храна движи се скокајки со јаже.

 

                 

Начин 6. До садот за храна движи се водејки топка и менувајки ги нозете.

 

                

Начин 7  До садот за храна движи се со сите четири екстремитети.

                  

Начин 8.  До садот движи се со скокање спојувајки и раздвојувајки ги  нозете.Линијата е помегу нозете и внимаваме да не ја нагазнеме.

 

                 

Начин 9  До садот за храна потскокнувај.

 

 

                

Оваа активност е од огромно значење за поттикнување на моторниот развој,како на крупната така и на ситната моторика.Способноста за одржување на рамнотежа како и координацијата на движење се исто така дел од способностите кои се поттикнуваат со секое движење на детето.Позитивното емоционално доживување и поттикнување на одговорноста кај децата се исто така составен дел.секоја игра е проследена со богатство од зборови и е начин како да се поттикне развојот на говорот и збогатување на детскиот речник

Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кировска.

После многу игри единствен начин да продолжиме со уживање е секако со една убава песничка.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial