ОД ЦВЕТ НА ЦВЕТ-ПОЛНА ТЕГЛА МЕД Previous item ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ НА ИНСЕКТИТЕ Next item Сакам радост! Не сакам тага.

ОД ЦВЕТ НА ЦВЕТ-ПОЛНА ТЕГЛА МЕД

Празен ден

Еден пролетен ден пчеличката Маја за првпат излезе од кошницата во која живее и летна кон ливадата да собере цветен прав. Кога ја виде ливадата таа извика:

-Каква убавина, колку многу цветови. Сакам сите да ги помирисам и со сите да се запознаам. И така пчеличката цел ден летала од цвет до цвет и заборавила дека треба кошничката да ја наполни со цветен прав. Кога се стемни пчеличката Маја се упати кон своето живеалиште , големата кошница. Но, таму на влезот на кошницата ја пречека стражарот и ја праша:

-Зошто пчелке твојата кошничка е празна? Што си работела цел ден?

-Јас цел ден летав од цвет до цвет и си играв со нив.

-Така ли? Ти си мрзлива пчелка , а ние мрзливите не ги сакаме. Оди си од тука!- викнала пчелата стражар-За тебе тука нема место!

Пчеличката Маја многу се засрамила, но и се растажила.

-Каде сега да одам во оваа темница? Каде да преспијам?

Еден цвет слушна што се случува па и дозволи на Маја да преспие кај него. Утредента Маја стана уште во зори му се заблагодари на цветот и летна кон ливадата. Цел ден Маја леташе од цвет до цвет и собираше цветен прав. Кога се стемни таа долета до нејзината куќичка, големата кошница, и ја покажа својата кошничка на пчелата стражат.

-Денес твојата кошничка е полна со цветен прав-забележал стражарот- Си била многу вредна и затоа може да влезеш во големата кошница.

Пчеличката Маја секој ден леташе до ливадата и се враќаше со полна кошничка и научи дека и работејќи таа се забавуваше.

   Вредна пчелка

Бидете вредни како пчелка и заедно со детето обидете се да изработите пчелка од варено јајце.За оваа активност ќе ви бидат потребни:

-варено јајце

-боја за јајца (жолта)

-темперна црна боја (може и алкохлен фломастер)

-четка

-лепак

-пластични очи

-ножица

-црна хартија

-бела хартија

Свареното јајце обојте го во жолта прехрамбена боја. Нацртајте црни ленти. Од хартијата исечете крилца и нозе и залепете ги на телото на пчелката. Залепете ги  крилцата,нозете и очиња.

                         

Погледнете, драги другарчиња, па ова е пчеличката Маја.Таа ќе ни го краси домот.

Медена игра

Оваа игра верувам дека сите во семејството ќе ја сакаат.ЗАЕДНО со своите деца направете палачинки и премачкајте ги со мед. Дозволете им на децата да ви помагаат.Тие  тоа ќе го прават со огромно задоволство. По завршената работа ЗАЕДНО насладувајте се на овој вкусен и здрав десерт. И немојте да заборавите дека пчелките го направиле тој мед за вас децата,но и за мама, тата и за сите во семејството.

                                          

Активноста е предлог на воспитувачката Катица Трајкова

 

Од каде е медот во теглата?

На вкусниот мед сите сакаме да му се сладиме.Ајде да се запрашаме како медот стигнал во теглата од која мама ни спрема сладок појадок. Кој таму го става?

ЗАЕДНО со вашето дете набљудувајте во природа.Набљудувајте ги цветовите. Дали навистина во нив се „крие “ мед или пак не? Доколку имате користете лупа и приближете му го цветниот свет на своето дете.Објаснете му дека во цветот нема мед туку сладок нектар.Од овде започнува патот на медот.Да продолжиме понатаму и да одговориме на прашањето -Од каде е медот во теглата?

 

                              

Пчелката,нејзиното семејство и пчеларот.

Уште многу, многу одамна човекот го запознал медот како вкусна посластица но и научил како да ги одгледува пчелите со цел да има многу од ова вкусно задоволство.

Најпрво медот го краделе од дивите пчелни семејства во дрвата и карпите.Но набргу почнале организирано да ги одгледуваат овие извонредни инсекти.Лугето почнале да се занимаваат со пчеларство . Пчеларите се луге кои одгледуваат пчелки.Тие имаат специјална облека кои ги штити од убодите на пчелите. Пчелките живеат во кошници и се групираат во пчелни семејства.Но не се сите пчелки исти.

 

                

Во секоја кошница постои една пчелка која се нарекува матица ,а исто така ја нарекуваат кралица.Таа е мајка на сите пчелки во кошницата.

Во кошницата живеат и машки пчелки кои се нарекуваат трутови.Овие пчелки верувале или не воопшто  не работат.

Највредни се пчелките работнички.Токму овие пчелки  го собираат  сладкиот нектар. Тие потоа овој сладок нектар го носат во кошницата каде го претвараат во мед.

Медот пчелките го собираат во специјални рамки кои потоа пчеларите ги обработуваа и од нив го вадат медот. Внимаваат доволно да остават за пчелите  да имаат  храна.Исцедениот мед го собираат во тегли.Навистина  долг е патот од цветот до теглата со мед.

 

              Priroden med od calija na golemo | Велес

Активностите поттикнуваат повеќе сегменти од детскиот развој:

Когнитивен развој: децата стекнуваат знаења за пчелата,  процесот на создавање мед, боите и формите на цветовите

Моторен развој :сечењето, лепењето се активности кои го поттикнуваат финиот моторен развој. Активностите надвор се добра основа за поттикнување на крупната моторика.

Говор и збогатување на детскиот речник со нови зборови

 

По медениот ден една медена песна:

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DwJC-Q80THfQ%26fbclid%3DIwAR3quVIDro0dBa-kUbqT_613TqbP23GzlkVK9KhPHfxfkCgyhytNKM-4QeM&h=AT3OTbHrUAo1u0CQufHVe9TpgOLzgdttugm9_8JQmkH2KjU53hJ2PIT4TzsHtADlEd6lWM-VSEV7OwH0qKSdxyxswnY4g0DywCPtBFQQ-KBLr8hc5IcBkrGd1IavOK5xZl8

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial