Една од најважните способности кое детето треба да ги усвои и усоврши во првите пет години е правилното држење на моливчето, боичката што ќе му овозможи лесно усвојување на процесот на пишувањето.Но пред да научиме да пишуваме треба многу да вежбаме.Потребно е да ги вежбаме прстињата на рацете, да го усовршуваме т.н. пинцетен фат кај малите деца .Боењето, цртањето се пракрасни активности со кои детето се подготвува да пишува.Но ајде да пробаме и вака да ги вежбаме прстињата.
Потребни ви се:
-Два фломастери
-Пет или повеќе празни листови (цртачка хартија)
-Две пластични или метални капачиња
На листовите хартија нацртајте различни видови на линии, кои ќе преставуваат полигони за движење на прстињата.Поттикнете го детето да ги движи прстињата по линијата, да го стави прстето во капачето и да го движи по линијата.Дадете му боичка ,нека се обиде да црта по веќе нацртаната линија.
Ајде сега да го раздвижиме целото тело.Да броиме да се движиме.За оваа игра ни треба коцка на чии страни има точки(бројна количина).
Зададете правила на играта, што значи секој добиен број(бројна количина)
-За бројот еден (една точка) -детето треба да скокне високо еден пат.
-За добиениот број два(две точки)-детето треба да клекне два пати.
-За добиениот број 3(три точки)-детето треба да се сврти три пати околу себе.
Ви оставаме на вашата креативност како ќе се движите ЗАЕДНО со вашето дете за преостанатите броеви.
Вежбајте,спортувајте релаксирајте се
Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кироска
На следниот линк ќе најдете интересен начин да се раздвижите и да уживате во музиката и движењето.
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3D388Q44ReOWE%26fbclid%3DIwAR1t5wIvPi9VmpYxTYfCbAZGxTzCoFV5rUAfUsVE3Yl5aYOnnPB_nj67iXs&h=AT1IANke86NoUdJgAQ8PNmDN_j0RvgW8BFDlkInnr0py0ar9oWJZ-Q4AbFwVYLfLsHwOV7lpZ7qD8TxPLL5E0PmU4Qipf0nUhVZFaPmiAPzk2p8nLRyK8zmCe6k7_JBVGu3uMLI25m29
Додади коментар