И после толку години сеуште се прашуваме дали сме направиле доволно, како треба да се однесуваме, што може да направиме за да ја сочуваме Планетата за нашите деца, за нашите внуци, за нашите идни поколенија. Децата од детската градинка „ АСТИБО “ ги почитуваат правилата од ЕКО – КОДЕКСОТ, а вие почитувани родители следете ги децата и ЗАЕДНО ќе придонесете за да ја заштитиме и зачуваме нашата Планета ЗЕМЈА.
- НЕ ВКЛУЧУВАЈ СВЕТЛО БЕЗ ПОТРЕБА – ШТЕДИ ЕНЕРГИЈА
- ЗАТВОРИ ГО ПРОЗОРЕЦОТ – ВРАТАТА, ГРЕЕЊЕТО Е ВКЛУЧЕНО – ШТЕДИ ЕНЕРГИЈА
- ДОДЕКА СЕ МИЕШ ЗАТВОРИ ЈА ЧЕШМАТА – ШТЕДИ ВОДА
- НАПОЛНИ ЈА ЧАШАТА СО ВОДА КОЛКУ ШТО МОЖЕШ ДА ИСПИЕШ – ШТЕДИ ВОДА
- ЗАСАДИ ЦВЕТ ИЛИ ДРВО СЕКАДЕ КАДЕ ШТО ИМА ПРАЗНО МЕСТО
- НЕ ФРЛАЈ ОТПАДОЦИ НАСЕКАДЕ, САМО ВО КОРПА ЗА ОТПАД
- СЕЛЕКТИРАЈ ОТПАД – ПЛАСТИКА, СТАКЛО, ХАРТИЈА
- ПОДАРИ ЈА ОМАЛЕНАТА ОБЛЕКА, ИГРАЧКА ИЛИ СЛИКОВНИЦА КОЈА ШТО НЕ ЈА КОРИСТИШ ПОВЕЌЕ
На овој начин ќе бидеме пример за себе, за децата, за соседите и нашата околина ќе биде пристојно место за живеење .
-БОИ ОД ПРИРОДАТА
Ова се цртежи пронајдени во пештери кои постојат многу, многу , многу години и никој не знае од каде биле боите со кои се нацртани.
Денес кога славиме 50 години – ДЕН НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА – да се потрудиме да направиме бои од природен материјал и да ја насликаме пролетта во нејзиниот сјај, да направиме букет од цвеќиња од материјал кој може да се реупотреби, со што ќе покажеме дека се грижиме за нашата средина која треба да ја чуваме и да не ја загадуваме. Следете ги упатствата:
- Набавете повеќе зачински билки или зачини во прав како : цимет, куркума, шафран, кари, кафе и друго, зеленчук : моркови, цвекло, магдонос и друго,
- Ставете ги во посебни садови или чашки и прелијте ги со 50 милилитри врела вода ( за ова треба помош од родител)
- Откако ќе се изладат, процедете ги во чисти чашки и ќе добите различни бои ;
- Подгответе лист од блок и четки за боење и пуштете ја фантазијата да ве води во светот на природата.
-Цвеќиња од материјали кои можат да се реупотребат:
Потребен материјал :
Различни видови на картонска амбалажа, стапчиња од исушени садницим ножици, лепило, бои и желба за заедничко уживање со децата.
Активностите ги поттикнуваат сите сегменти од детскиот развој
-Когнитивниот развој децата стекнуваат знаења за планетата Земја и важноста на нејзиното чување, знаења за боите ,начинот на добивање на природни бои
-Моторниот развој сечењето, цртањето лепењето се активности кои децата ги сакаат а се од огромно значење за фината моторика, координацијата око-рака
-Поттикнување на говорот и збогатување на детскиот вокабулар
-Развој на лична одговорноост кон сопствената околина и целата планета.
Активноста е предлог на воспитувач Д.Б.Кироска
На следниот линк ќе најдете игричка којадецата со интерес ќе ја играат, а ќе придонесе кон развојот на нивната еколошка свест
За крај да завршиме со една убава песничка која е во изведба на деца од ОЈУДГ „Астибо„.
https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3D84sQV9BbuxU%26fbclid%3DIwAR0vedpgjfFJcVnUg_mOkHs9zEWDH9DXxkvN8dXosps04dMMSjwSsayTQKo&h=AT0vx9Eto_ZGT6d-DA6SwF4R-9TNf61BL2j2m3wyzKcYJXKMfqi9_HnMdmSnXfKpjJuAZFe-QVaQHpbzNtw077VjdLPrIj1u69GlJIiR9Hhj0Kc4ZGuULWsqH1WbGuIaSqM
Додади коментар