BRAIN-BREAK Previous item Е-занимална-БОИТЕ НА... Next item БОИТЕ НА СОНЦЕТО

BRAIN-BREAK

Дома можеме да бидеме активни и да учиме.

Во период кога сме принудени на ограничено движење, online учење и пролонгирано седење, постојат алтернативни форми на физичка активност. Со логирање на следниот линк: https://brain-breaks.com/…(sign in/log in) пристапувате на online платформа на која се достапни кратки видеа со различни форми на движење, елементи од различни спортови, танци од различни делови од светот вклучувајќи ја и Македонија (дел video libary). Истите првенствено се наменети како форми на активна пауза, односно форма на активен одмор и отстранување на менталниот замор.

Дополнително, на платформата се достапни и бројни едукативни видеа, квизови и наставни ресурси за деца на различни возрасти кои нудат можност за забавно, интегрирано и интерактивно учење (дел: dashboard).

Милиони деца од повеќе од над 50 земји од целиот свет, вклучително и Македонија веќе се движат и забавуваат со Brain Break. Резултатите од истражувањата за ефектите, вклучително и резултати од истражувања во Македонија, покажуваат позитивни ефекти во однос на степенот на фиизчка активност во тек на денот, подобрено внимание, подобро расположение, подобар фокус на задачите кои се реализираат по примена на активната пауза.

Материјалите на платформата се достапни благодарение на Факултетот за образовни науки при УГД, Global Community Health Foundation (GCH) & HopSports Inc. Истите се во насока на поддршка на United Nations Sustainable Development Goals.

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial