ВАКА-ТАКА Previous item КОЛКУ ЌЕ ПОГОДАМ?????? Next item Е – ЗАНИМАЛНА

ВАКА-ТАКА

РУБИКОВА КОЦКА

 

Една од омилените активности на децата е цртањето.Тие сакаат да цртаа деца,сонце,куќи,дрвја. Знаат да ја нацртаат среќата,да ја нацртаат љубовта.Во оваа игра правиме интересна комбинација од цртање и играње со Рубикова коцка.За играта ќе ни бидат потребни: Рубикова коцка-која мислам дека секое семејство ја има бидејки е интересна како за децата така и за возрасните,листови хртија и боички.Детето ја врти рубиковата коцка со цел да добие комбинација од бои.Ова тоа го прави по своја желба и ја врти коцката дури да ја добие комбинацијата која нему  му се допаѓа.На листовите претходно цртаме шема од Рубикова коцка.Нашата коцка е со празно поле во средината и истото им овозможувана децата полесно ориентирање во просторниот распоред на бои.Детето ја става коцката до листот и тоа ќе има задача на листот да ги обои полињата од нацртаната Рубикова коцка според распоредот на бои од комбинацијата која ја гледа.

Постојат безброј можности за комбинирање и уште толку за боење.

Играта може да ја збогатиме со воведување и на математиката во истата.Односно можеме да ги броиме полињата со бои.Ова може и да го запишеме.На лист  цртаме табела на која во едната колона ги имаме боите а во колоната до неа детето ќе заапишува колку полиња имаме со одредена боја.Помалите дечиња тоа може да го прават со пишување на линии,а поголемите со запишување на соодветниот број .

Кај децата оваа игра овозможува поттикнување на

-когнитивниот развој усвојување на просторните односи и релации како што се до,по над, учење на бои,броеви,бројни количини

-фин моторен развој боењето и вртењето на Рубиковата коцка ја усовршуваат мобилноста на прстите

-развој на говорот и правилното говорно израсување

-координација на движењата око-рака

 

 

 

Игрите кои на детето му овозможуваад движење со целото тело за децата се вистински поттик на среќа но и поттик на нивниот целокупен развој.Кога играат со мама или тато играта е уште  поинтересна.Ви ја предложуваме следната игра

„ ВАКА-ТАКА“

 

 

Оваа игра е вистинско уживање за децата и за родителите,бидејки во истата директно се вклучени и едните и другите.Децата обожаваат кога родителите се нивни другари во играта а  за родителите е вистински начин да ги отргнат мислите од секојдневните грижи.

Многу едноставна игра за која ви е потребно само добра воља и срце полно љубов.Со детето застануваме еден наспроти друг.Со деловите од телото правиме движења и застануваме во одредена позиција и бараме од детето да ја направи истата.

Пр.Ајде да ги дигнеме рацете горе.Ајде да го подигнеме левото ноже.Ајде да ги ставеме дланките на раменцата.Многу важно е движењата да ги проследиме со говор со цел запознавање на сопственото тело,неговата позиција во просторот,усвојувањето на сопствената телесна шема.

Можеме да внесеме и одреден реквизит во играта како на пример топка па истата да ја вклучиме во играта.Пр.Ајде да ја дигнеметопката над главата.Да ја ставиме топката меѓу нозете.

Сменете ги улогите со детето.Дозволете му и поттикнете го тоа  да задава движења кои вие ќе треба да ги имитирате.

 

Многу интересна песна која може да ја вклучите во оваа игра е песничката

 

„ Вака- така“

Вака, така

деца мили

да поиграме опа тропа

дигни горе,па рашири

напред пружи,па се смири.

Со глава мрдни,со нозе тропни

на раменца раце стокми.

Поклони се дете мило

за сега е доста било.

Песничката може да ја пронајдете на следниот линк https://www.youtube.com/watch?v=Vvmfdwj01NQ&t=7s

Со оваа игра кај детето го поттикнуваме

-осознавање на сопственото тело и изградување на телесната шема,поттикнување на латерализацијата

-поттикнување целокупниот моторен развој и способноста за одржување на рамнотежа

-поттикнување на координираноста на движењата

-поттикнување на когнитивниот развој-учење на деловите од своето тело и нивната поставеност,усвојување на просторните односи и поставеноста на нашето тело во просторот,усвојување на просторните релации како што се горе долу,лево ,десно

-поттикнување на говорот и правилната артикулација-поттикување на социо-емоционалниот развој.

Уште една интересна песна со која ќе можеме да го раздвижиме телотоhttps://www.youtube.com/watch?v=4vMuc7BOdGI

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial