Ако го поттикнете своето дете да сака да разгледува сликовници и да раскажува приказни , ќе му помогнете да научи да зборува правилно, да ја развие фантазијата, креативноста, но и да споделува и да разменува сликовници со своите другарчиња.
Идеата за создавање на отворена библиотека – место од каде што децата ќе можат да позајмуваат но и да донесуваат сликовници , да ги разменуваат и читаат со своите родители, произлезе од потребата за поттикнување на правилниот говор кај децата. Сé позабележителна е употребата на странски изрази и често зборување на туѓ јазик. Негувањето на мајчиниот литературен јазик ги подобрува комуникациските вештини кај децата од најрана возраст, правилно користење и разбирање на нови изрази и зборови.
Ви благодариме родители што ја прифативте нашата идеа и активно учествувате во реализацијата на кампањата НАПРАВИ НЕШТО ДОБРО ЗА СВОЕТО ДЕТЕ, преку која го учите да ги споделува и реупотребува веќе прочитаните сликовници и книги за деца. Бидете горди затоа што правите нешто добро за своето дете. А среќата на децата е наша заедничка цел.
Додади коментар