РАЗМЕНА НА ВОСПИТУВАЧИ Previous item САМО СО ЗНАЕЊЕ МОЖЕМЕ КОН... Next item НЕДЕЛА НА ДЕТЕ

РАЗМЕНА НА ВОСПИТУВАЧИ

Од триесетти септември до четврти октомври, директорката Б.Трајчевска и вработените во детската градинка ОЈУДГ „Астибо“ од Штип , беа домаќини на активноста – размена на воспитувачи,  во која учествуваа вработени во детски градинки кои се членови на BAPTA – (Balkans Alliance of Preschool Teacher’s Associations) –  балкански сојуз на здруженија на воспитувачи.

Оваа манифестација за првпат се организираше во детската градинка „Астибо“ и со гордост можеме да кажеме дека бевме домаќини на дванаесет воспитувачки од Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија и Црна Гора со кои разменивме искуства, знаења и  стекнавме нови пријатели . Освен престојот и посетата на работата во објектите , на гостите им ги претставивме знаменитостите и убавините на нашиот град и пошироко.

Во рамки на реализација на активностите во соработка со УГД – ФОН беше организирана едукативна работилница за сите воспитувачи гости и вработени од нашата установа со проф. Б. Попеска на тема „ Активно користење на пауза – BRAIN BRAKE “.

На последниот ден од престојот на воспитувачките во детската градинка „Астибо“ , беше организирана тркалезна маса на тема „ВОСПИТАНИЕТО КАЈ  ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ КАКО ОДГОВОР НА ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СОВРЕМЕНОТО ВРЕМЕ“ на која свое учество зедоа претставници од УО на БАПТА , директорите од предучилишните установи членови на БАПТА,  претставници од ЛС на град Штип, деканот и професори од УГД – ФОН, каде што како заклучок произлезе потребата за почести средби , меѓусебно информирање со цел подигање на професионалните компетенции на воспитувачите и сите вработени во детските градинки кои ја вршат најодговорната и најблагородната професија.

 

ОЈУДГ „ АСТИБО “ ШТИП                                                                             Билјана Трајчевска, директор

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial