НАШИТЕ ПЕТ СЕТИЛА,НАШИ ПЕТ ОСВОЈУВАЧИ НА СВЕТОТ Previous item Ајде да раскажеме приказна... Next item ВАШЕТО ДЕТЕ ЌЕ БИДЕ...

НАШИТЕ ПЕТ СЕТИЛА,НАШИ ПЕТ ОСВОЈУВАЧИ НА СВЕТОТ

Во основата  на изршувањето на секојдневните активности и задачи во кои го користиме нашето тело  иако навидум од нас не бараат голем напор  во својата основа имаат високо функционални процеси на ниво на централниот нервен систем.Еден од нив е и сензорната интеграција.Таа ни овозможува да ги разбереме дразбите кои доагаат од надворешниот свет но и од внатрешноста на нашето тело.Секојдневно детето гледа,допира,мириса и е преплавено со безброј сетилни дразби кои треба да ги осознае за да може на правилен начин да изреагира на нив и на тој начин да креира адаптивно однесување во својата околина.

Првиот контакт кој детето го остварува со надворешниот свет се базира на неговите сетила и дразбите кои неговиот сензорен систем ги прима. Детето уште додека е во мајчината утроба почнува да чувствува одредени дразби.Тоа може да ја почувствува мускулната напрегнатост на мајката и реагира на истата.Токму поради тоа веднаш после раѓањето на новороденчето смирувачки делуваат оние дразби кои го потсетуваат на неговите првични искуства  како што биле движењето на плодовата вода,шумот на вода,ритмичко отчукување на срцето. Смирувачки на новороденчето делува и мирисот на неговата мајка бидејки тоа е првото чувство по кое тоа ја распознава од другите луѓе од нековата околина.

 

Нашиот сетилен апарат го сочинуваат

-сетилото за вид

-сетилото за слух

-сетилото за допир

-сетилото за мирис

-сетилото за вкус

Vector Human Five Senses Set Hand Stock Vector (Royalty Free ...

Сензорното искуство се надополнува со функционирањето на

–  Проприорецепторите- рецептори кои се  сместени во мускулите и зглобовите и кои ни даваат информации за поставеноста на деловите од нашето тело.

–  Вестибуларниот апарат-рецептори кои се наогаат во каналчиња на   внатрешното уво кои се исполнети со течност и истите се движат при секое движење на нашето тело.Тие му даваат информации на  мозокот  кои овозможува одржување на рамнотежата на телото и планирање на нашите движења.

Препораки за сензомоторни активности

Активности за стимулирање на сетилото за допир

-сокриено богатсво(длабоки садови исполнети со ориз,грав во кои се скриени ситни играчки кои детето треба да ги пронајде)

-цртање,манипулирање со пена за бричење

-игра во песок и земја(садење на цвеќе)

-сликање со раце

-допирање на различни површини(рапаво,мазно,кора на дрво,трева,маче)

   

 

     

 

Активности за стимулирање на сетилото за вид

-игра со играчки со  впечатлити бои

-игри со имитирање пред огледало

-класифицирање на предмети по боја

-користење на сликовници  и препознавање на елементите на истата

-игра со балони од сапуница

-цртање,боење

 

    

    

 

Активности за стимулирање на сетилото за слух

-слушање на музика и звуци  од различни инструменти

-обид за свирење на различни инструменти

-следење на ритам зададен со удирање со дланките една од  друга

-пеење на различни мелодиии

  

    

 

Активности за стимулирање на вестибуларниот апарат

-лулање на лулашка

-игри со прескокнување

-возење на велосипед,тротинет

 

    

 

  

 

Активности за стимулирање на проприорецепторите

-скокање во трамбулина

– игри со имитирање на движење на различни животни

-туркање,влечење,пренесување  на тешки предмети

-манипулирање со еластични конструктивни материјали(пластелин,тесто,гума)

    

   

 

Активности за стимулирање на сетилата за мирис и вкус

 

-препознавање на овошје,зеленчук и друг вид на храна врз основа на нивниот мирис и вкус со исклучување на сетилото за вид

-мирисање на цвеќе

-вкусување на различен вид на храна

      

Богатото сензорно искуство кое ќе му го овозможиме на нашето дете од најмала возраст е цврста основа за правилно изградување на целокупниот невролошки систем на детето,кој пак ќе овозможи успешност во учењето и функционирање на детето во неговата средина. Но сетилното искуство само по себе нема да е доволно доколку не е проследено со говор и со објаснување што е тоа што детето го почувствувало.Затоа секогаш разговарајте со детето и кажете му дека нешто е благо ,солено, мазно, тврдо , меко…..

Само на тој начин детето ќе го осознае на вистински начин светот околу себе.

Таквото осознавање на светот во основа за секое дете треба да биде позитивно доживување кое ќе донесе пријатни емоции поради задоволувањето на детската љубопитност која е во основата на детското учење.Но понекогаш може да се случи детето да не реагира позитивно на одредена дразба, дури и истата да предизвика одредена непријатност и негативна реакција од страна на детето.Може да станува збор за хиперсензитивност на детето на одреден вид на дразби кои стимулираат некое од сетилата.Односно детето реагира со вознемиреност и настојува да ја избегне дразбата. Може да се манифестира на најразлични начини како што се:

-детето одбива да носи чорапчиња на лице(доколку се  облечени наопаку тогаш детето без проблем ги облекува)

-детето постојано се жали на етикетите од облеката

-детето одбегнува силни звуци или одреден вид на звуци

-детето одбегнува силна светлина

-детето одбегнува храна соразлична текстура

Ваквите состојби бараат огромно трпение од родителите со цел постепено да се намалат со внимателно и постепено изложување на детето на стимулациите кое тоа ги доживува како непријатни.

Детската љубопитност и родителската трпеливост се во основата на детското созревање, учење и изградување на самостоја и емотивно стабилна личност.

Затоа овозможете му на детето богатсво од сетилни искуства секој ден, во секоја прилика.Поминувајте квалитетно време ЗАЕДНО со своите деца и на тој начин ќе поставите цврсти темели на детското знаење и желбата за постојано учење.

ОЈУДГ „Астибо“- Штип

М.Стојанова-дефектолог

 

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial