Книгите се најтивките и најпостојаните пријатели, тие се најдостапните и најмудрите советувачи, и најтрпеливите учители – Чарлс Вилијам Елиот
Јовче и Марика
Еднаш, многу одамна во една огромна зелена и густа шума живееја брат и сестра, заедно со нивните родители. Нивните имиња биле Јовче и Марика. Татко им бил дрвосечач и одел секој ден во шумата за да исцепи дрва на помали парчиња за да може да ги продава во градот за огрев. Заработувал доволно и успевал да го издржува своето четиричлено семејство.
Еден ден семејството го погодила болест. Имено, нивната мајка се разболела и нејзината состојба од ден на ден се влошувала. Дошол денот кога нивната мајка ги оставила засекогаш и го напуштила овој свет. Јовче и Марика биле многу тажни и несреќни.
Таткото реши потворно да се ожени, така што неговите деца ќе имаат личност на која би можеле да сметаат во животот и кој ќе може да им помогне во кое било време, бидејќи останаа без мајка. Отпрвин, семејството се сложувало, но наскоро ситуацијата се променила. Маќеата воопшто не ги сакала, како што замислувал нивниот татко, и тие ѝ биле обврска и дополнителен товар во нејзиниот живот. Таа постојано се однесувала ужасно кон нив. За да бидат работите уште полоши, дрвосечачот немал веќе многу работа во шумата, бидејќи имало помалку и помалку дрва за продажба. За да најде повеќе дрво, тој одел во блиската шума, која била многу далеку од нивната куќа и му требало повеќе време да се врати. Семејството имало помалку и помалку пари затоа што заработката се влошувала и така имало се помалку намирници во нивната куќа.
Дошло време дрвосечачот и жената да разговараат за беспарицата за тешката ситуација во која западнале. Јовче и Марика биле во својата соба, но Јовче успеал да го слушне нивниот разговор. Тој ја слушнал неговата маќеа како вели дека треба да се ослободат од децата оставајќи ги во шумата и на тој начин ќе останела повеќе храна за двајцата. Дрвосечачот не бил воодушевен од нејзината идеја, но неговата сопруга инсистирала со нејзиниот план и конечно успеала да го убеди да ја донесе таа ужасна одлука. Мислел дека немаат ништо друго и тоа е единственото решение тие да преживеат.
Јовче чекал двајцата да заспијат и смислил начин како заедно со Марика да излезат од ситуацијата. Тој брзо ја напуштил куќата и собрал камечиња. Утрото, кога тргнале со родителите кон шумата, Јовче фрлал камења по патот, што тој успеал да ги собере претходната ноќ. Кога стигнале до крајот на шумата, нивниот татко им рекол дека тој ќе ги насече дрвја и дека наскоро ќе се врати за нив. Се разбира, нивниот татко не се вратил, а Јовче и Марика го чекале залудно. Марика била многу тажна и го прашала Јовче како ќе се вратат дома, бидејќи не знаеле по кој пат треба да одат. Снаодливиот Јовче сепак знаел како да се вратат дома. Тие ги следеа фрлените камчиња и конечно пристигнале во нивниот дом вечер. Маќеата не била најсреќна кога ги видела на вратата, но сепак се преправала дека и е драго да ги види. Таа, одглумила и загриженост, но жалела што успеале да се вратат дома. Таткото бил пресреќен што ги видел и се покајал за тоа што го сторил. Маќеата пак инсистирала дрводелец да се ослободи од своите деца, но тоа не доаѓало во предвид. Таа инсистирала сè повеќе и повеќе секој ден. Итрата маќеа насетила како Јовче успеал да се снајде и ја заклучила влезната врата за да не може да собере камења. Снаодливиот Јовче успеал повторно да ја измами, земал трошки од леб и ги ставил во џеб. Кога нивниот татко ги оставил на крајот од шумата повторно, Јовче и Марика повеќе не биле загрижени да се вратат дома. Тие безгрижно собирале шумски подови знаејќи дека ќе се вратат дома безбедно. Се стемнило, но тој е се вратил, а исплашените деца заспале.
Следното утро се разбудиле надевајќи се дека ќе ја следат трагата од трошки леб, но птиците ги изеле трошките и тие биле загубени.
Талкале повеќе часови, сѐ додека, конечно, не виделе една куќичка направена од разни видови колачи и слатки. Биле толку гладни што започнале да јадат од нив. Вратата на куќичката се отворила и излегла една ситна стара жена. Таа ги поздравила и поканила да влезат на појадок.
Децата не знаеле дека старата жена, всушност била лоша вештерка и штом влегле во куќичката, таа го заклучила Јовче во кафез, а Марика ја натерала да чисти и да мете. Вештерката секој ден доаѓала до кафезот за да провери дали Јовче се здебелил за да може да го изеде. Таа не гледала добро и Јовче ја мамел, така што ѝ покажувал тенка пилешка коска наместо прстот.
По еден месец вештерката решила дека не треба веќе да чека и ѝ наредила на Марика да го запали оганот, за да го зготви Јовче. Марика се преправала дека не знае дали добро е запалена печката. Вештерката налутено се наведнала да ја провери печката. Марика ја турнала вештерката во печката и ја затворила вратата. Потоа ги пронашла клучевите и го отклучила кафезот и го ослободила Јовче.
Братот и сестрата го собрале богатството на вештерката и трнале низ шумата. Благодарение на ластовицата што си ја поправила грешката кога ги изела трошките што ги оставил Јовче, го пронашле патот до дома.
Дрварот бил пресреќен кога повторно ги видел своите деца. Се збогатиле благодарение на златото и скапоцените и веќе никогаш не биле гладни.
Да продолжиме со игри за да биде уште поинтересн секој момент поминат ЗАЕДНО со сопствените деца.
Kое каде е?
Откако ќе ја прочитаме приказната дружењето со децата може да го продолжиме со разгледување на илустрациите од сликовницата и разговор за она што го има на сликата.
- Кое дете е напред на сликата, а кое назад?
- Каде се наоѓаат птиците, а каде печурките?
- На која страна од сликата се наоѓа дрвото со дупка?
Слатка математика со куќата на вештерката
- Колку лижавки има на левата страна од куќичката?
- Каква форма се плочките пред вратата?
- Каква боја се топчињата на покривот?
Близу-далеку, текстура, разпознавање на природни облици
потребен материјал: каменчиња во разни форми и големини и една или две книги /сликовици/
Поставете една книга на крајот на масата. Земете едно каменче, почуствувајте ја текстурата (мазно, рапаво), поставете го до книгата. Земете друго каменче, обидете се да ја препознаете формата, ставете го на растојание од првото каменче. Наредете ги и останатите каменчиња на растојание, препознавајќи ја формата. Обидете се да ги наредете каменчињата во права линија. Потоа тргнете го настрана каменчето кое е наблиску/ најдалеку од книгата.
Активноста може и понатаму да ја продолжиме. Каменчињата ги делиме на две групи: мали и големи каменчиња.
Да ја направиме куќичка на вештерката
потребен материјал: самолеплива хартија боја/ колаж хартија/ хартија во боја, ножици, лепило, по желба светки за декорација/мали топчиња/ чистачи за цевчиња кои ќе имитираат колачиња.
Од хартијата сечеме еден голем квадрат (куќата) еден голем триаголник (кровот на куќата) неколку правоаголници (врата, оџакот, оградата), неколку помали триаголници (за оградата), два квадрата (за прозорците на куќата), круг (сонце).
Откако ќе се исечат формите, куќичата се лепи на блок/ лист хартија
Куќичката дополнително може да се украси
Неколку интересни линкови како убаво надополнување на оваа интересна активност
Јованче и Марика аудио приказна
https://www.youtube.com/watch?v=W3C4IOc3Epo
Јованче и Марика театарска престава
https://www.youtube.com/watch?v=J4KBAx6L3Mo
33 идеи како да ги натерате децата да го засакаат читањето
- Читајте често, не само пред дремки или пред спиење
- Продолжете да читате и ако заталкаат
- Дозволете им да си играат и да ги прередуваат книгите
- Имајте разни книги
- Родителите, бабите и дедовците и другите треба да бидат охрабрувани да читаат на глас на вашите деца
- Поставете книги во нивниот простор за играње и на други места во куќата
- Читајте на глас и пред нивните пријатели
- Користете различни гласови
- Мрдајте со нозете горе-долу (ако децата ви седат в скут) според ритамот или според соодветните моменти во книгите
- Кажете им и покажете им како да користат интерактивни книги
- Читајте ги вашите омилени книги на глас
- Отпејте ги стиховите/зборовите во книгата
- Давајте книги како подароци
- Читајте книги за возрасни за вашите деца да видат дека вие читате со задоволство
- Понесете книги на патувања
- Понесете книги на долги состаноци или собирања
- Парафризирајте книги што можеби се премногу напредни или развлечени
- Покажувајте кон предметите додека читате
- Измешајте го времето за играње со времето за читање за да добијат претстава дека сето тоа е едно забавно искуство
- Спакувајте некои мали книги во чантата за пелени за да ви се најдат кога ќе ви притреба забава
- Кога ќе дојде времето или ако веќе постои загриженост, проверете дали видот им е добар и/или набавете очила
- Натерајте ги да читаат еден на друг
- Нека тие ги вртат страниците кога ќе бидат подготвени
- Книгите нека ви бидат организирани и пристапни
- Читајте за време на семејната вечера
- Слушајте аудиозаписи од книги или читајте на глас за време на патувањата со автомобилот
- Дозволете им да читаат различни книги истовремено
- Дозволете им да ги избираат книгите
- Однесете ги во библиотеката
- Им дозволувам да носат книги в кревет
- Користете ги книгите како поттик
- Создадете удобен простор за седење
- Очекувајте различни реакции во текот на различните фази од животот
извор-blog.literatura.mk
Со оваа активност се поттикнува активното слушање и аразбирање на содржините од приказната.Се овозможува збогатување на општите знаења и поттикнување на социо-емоционалниот развој,доживување на различен вид на емоции.Се поттикнува развојот на говорот,збогатувањето на речникот и правилното говорно изразување.Се поттикнува фината моторика како и координацијата око-рака.
Активноста е предлог на воспитувач Љ.Соколова
Секогаш е време за убава песничка.Уживајте
Додади коментар