ЗАБАВНИ ИГРИ СО МЕМОРИСКИ КАРТИЧКИ Previous item ДА ГО ПОЗДРАВИМЕ СЕКОЈ ДЕЛ... Next item ОСНОВНИ ЕЛЕМЕНТИ НА ПАТОТ

ЗАБАВНИ ИГРИ СО МЕМОРИСКИ КАРТИЧКИ

Зошто се важни игрите со мемориски картички?

Според проф. Макото Шичида, автор на истоимениoт Шичида метод,    користењето на мемориските картички од најрана возраст има позитивни влијанија во развојот на интелектуалните способности кај децата од повеќе аспекти како:

учење на голем број на поими, зборови, –

збогатување на речникот,

развивање на говорот,

насочување на вниманието на детето,

учење на странски јазик – паралелно,

можност за поврзување на слика со текст – име, или препознавање и именување на број.

Мемориските картички, или игрите на меморија, може да ги направите и сами или да ги набавите готови, но може да користите и ИТ  па со соодветно темпо на менување на сликите да ги поттикнувате децата да ги препознаваат, да ги именуваат нацртаните слики, да ги препознаваат броевите и тн. Тоа значи дека можностите за користење на мемориските картички и игрите на меморија се неограничени.

Покажувањето на мемориските картички наизменично – слика па напишан поим во повторувачки ритам е начин на кој се поттикнува препознавањето, именувањето и усвојувањето на поимите, богатење на речникот.

 

Оваа активност треба да се практикува секојдневно по неколку пати во куси интервали. На детето му се покажува картичката , се именува пр. бојата и се очекува детето да каже – повтори  именувањето на бојата. Следниот пат очекувате детето да ја препознае бојата и само да каже. Подоцна го забрзувате темпото на покажување на картичките, го зголемувате бројот на картички и елементи, со што се поттикнува вниманието , брзината на реакција и со забава и игра се прошируваат хоризонтите на сознанијата кај децата.

Со реализацијата на темата „Мојата татковина – дел од балканските држави“, со децата од голема група, од нашата градинка „ Астибо“, изработивме мемориски картички со знамињата на државите . Покажувањето на мемориските картички децата го прифаќаат како забавна игра и за многу кратко време ги препознаваат и учат  симболите – знамињата на која држава припаѓаат, ја именуваат државата.

     

Играта на меморија, „ Најди го парот на знамето“ со мемориски картички на маса, бара поголем фокус на внимание , поголеми вештини на забележување и меморирање каде се наоѓа знамето за да се состави пар, трпение, следење на правила на играта – почитување на редот во играта. Победник е детето кое има најголем број на парови од знамиња.

 

Играта со мемориските картички може да ја направите во најразлични варијации .Изборот е ваш.

 

Интегрираниот пристап на оваа игровна активност се препознава со тоа што се поттикнува развојот на фината моторика, визуелната перцепција и дискриминација на поставеноста на мемориските картички, координација на движењата око рака, развој на говорот, проширување со нови поими, дискриминација и артикулација на гласовите и правилно изговарање на името на државата.

Со мемориските картички  воедно се поттикнува и когнитивниот развој кај децата , класификација, формирање на множества со одреден предзнак и тн., усвојување на математички поими, бројна количина, формирање на множество од два исти елементи – пар.

Активноста е предлог на воспитувач Д.Митева

Оваа интересна активност да ја надополниме со интересна песна

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial