ДА ГО ПОЗДРАВИМЕ СЕКОЈ ДЕЛ ОД ДЕНОТ Previous item ДЕН И НОЌ Next item ЗАБАВНИ ИГРИ СО МЕМОРИСКИ...

ДА ГО ПОЗДРАВИМЕ СЕКОЈ ДЕЛ ОД ДЕНОТ

Секој ден му се радуваме на новиот ден кој започнува со раѓањето на Сонцето.Сонцето со своите светли зраци ја буди целата природа, ги буди децата  да излезат и да се радуваат на безбројните волшепства што ги нуди. Откако ќе се разбудиме  му се радуваме на новиот ден исполнет со игра и радосни моменти поминати ЗАЕДНО со нашите деца.

Денот го почнуваме со вообичаен поздрав- Добро утро.

Осамостојувањето на детето и усвојувањето на основните хигиенски навики се дел од секое утро. Да се измијат запчињата, рацете  и лицето. Да ја исчешламе косата и да ги соблечеме пижамите, да се облечеме во тренерки,фустан,панталони. Вака е секој ден во секој дом. Стекнувањето на основните хигиенски навики е важна активност која се негува од најрана возраст и затоа да го искористиме ова време кога сеуште сме дома и не брзаме за во градинка. Но наскоро повторно се  враќаме во градинка каде ќе продолжиме со дружење, игра ,учење.

      

Сонцето оди по својата патека на синото небо, а денот изминува и ги менува нашите игри,обврски и дружењето со семејството. Кога сонцето е на средина од небото тогаш е пладне и поздравуваме со Добар ден.

Семејниот ручек е еден од најважните настани секој ден. Во сервирањето  на храната на масата треба да  учествува секој член од семејството, но и по завршувањето на оброкот својот прибор да го однесе во кујната.На овие обврски посебно им се радуваат.Секое од децата нека има своја задача.При подготовка та на храна, миењето на  овошјето и зеленчукот,  приготвувањето на салата, правењето на  сокови  е  вклучете ги децата активно да  учествуваат затоа што на крајот оброкот ќе биде повкусен. Потоа ја местите масата за ручек. Важно е секој да  има свое место покрај масата и секојдневното дружење на семејството за време на оброците поттикнува среќа,задоволство ,припадност и ширење на љубов меѓу членовите на семејството.Со тоа кај детето се развиваат работно –  хигиенски навики.

„Да ја поставиме масата за ручек“

     

Детето во кулинарските вештини може да ужива и низ игра.За ова пластелинот како конструктивен материјал нуди безброј можности,со направиме и салата и колачи и портокал и јаболко.Уживајте во заедничка игра со своето дете.Вклучете се во неговата игра и бидете негов другар во играта.

 

Денот полека одминува а сонцето се губи во далечината,својот сјај го отстапува на зраците на месечината и доаѓа вечерта.Навечер поздравуваме со Добра вечер.

Сонцето си оди а ни доаѓа месечината и ѕвездите.Тие  се украс на ноќта и ни изгледаат толку блиску.Ни носат убав и мирен сон.Веќе е време за одмор и сладок сон.Да го поздравиме доаѓањето на сонот со Добра ноќ.

А за убав и мирен сон да се прочита приказна е задолжително уживање со своето дете.Оваа интересна приказна за разговорот помегу Сонцето и Месечината  е вистинска покана за мирна ноќ.

 

      

Сонце и Месечина

Еден ден Месечината шетајќи се низ небесната шир се сретнала со Сонцето. Месечината и Сонцето започнале разговор:

Месечина: Јас сум посилна од тебе!

Сонце: ШТО? Тоа не е вистина ! Но знаеш ли Месечино ти си светло мое во ноќта, јас сум една од твоите ѕвезди која сум многу значајна за планетата земја и затоа ти не можеш да бидеш посилна од мене.

Месечина : Можам, бидејќи и мене луѓето ме сакаат дури и ме посетуваат, ги знам нивните тајни кои ги раскажуват секоја ноќ, си разговараат мирно и спокојно без врева .

Сонце: Јас сега ќе ти кажам и тоа без чувство на вина дека и јас безброј волшепства правам и знам. Го држам светот на дланка.Целата планета зависи од мене и затоа луѓето   се грижат за планетата Земја и за моето постоење.

Месечина: Знам! – планетата Земја не може без нас и не би постоел живот доколу ние ги изгасиме нашите светла.

Од тој ден Сонцето и Месечината станаа најблиски пријателки на планетата Земја.

После убавиот сон, секогаш сме спремни за игра.Ајде да си играме со нашите другари од претходната приказна Сонцето и Месечината. Материјал за изработка: ножички, хартија во боја, лист од блок, боици, салвети во боја, памук, лепак,алуминиумска фолија. Додека работите со детето разговарајте за појавите на денот и ноќта кои се различни во текот на годината и ја менуваат природата во зависнот од годишните времиња- пролет, лето, есен, зима. Сега е пролет и зраците на Сонцето се посилни и благодарение на нив природата се менува .

        

 

Овие активности  ни овозможуваат да го поттикне целокупниот развој на децата.

Развој на говорот и збогатување на детскиот речник.

Јакнење на самодовербата и фантазијата на детето и развивање на творечки способности.

Когнитивен развој-детето се запознава со боите и другите материјали  ,стекнувајки општи знаења за природата според сетилата за вид, слух и допир.

Поттикнувањена социо-емоционалниот развој и уредување на просторот, развивање и љубов спрема работата и трудот, а со тоа развивање на на чувство и сигурност и припадност во семејството исполнето со љубов,радост и детска смеа.

Моторен развој-ја потикнува фината моторика и крупната моторика и одржување на рамнотежа на телото.

Активноста е предлог на воспитувач В.Јованова

За убав ден и уште поубава вечер да ја завршиме активноста со убава песна.

 

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial