МАЛИ УМЕТНИЦИ, ШАРАНИЦИ,БРОЈАНИЦИ Previous item Е-занимална-Вежби за... Next item ГОЛЕМИТЕ ЖИТЕЛИ НА ПЛАНЕТАТА

МАЛИ УМЕТНИЦИ, ШАРАНИЦИ,БРОЈАНИЦИ

Првите детски цртежи претставуваат само чкртаници по хартијата и оваа фаза трае некаде до третата година.

За да стигне детето до конечната работа и да нацрта нешто со јасни мотиви тоа мора да помине по пат на многу обиди и вежбања.Многу важно е во тој момент да му пружите прилика и непречено да ги пробува своите уметнички изразувања.

Малите деца на различни начини можат да ја развиваат својата вештина на цртање,а тоа најлесно ќе го постигнете со забава.

 

ЧКРТКИ-МРТКИ-Васил Пујовски

Куп табаци,бои разни,топ хартии-бели,празни

И палета,две-три четки,цртам,мачкам слики ретки.

Бојам шуми,бојам вешто,сликам полја,сликам сешто.

Плескам слики,шаркам скици,тато вели-сликам трици!

И мрмори-лук и вода,нови правци,нова мода.

Мама вика-само чкртки,што е ова,чкртки-мртки!?

Ако,нека,нека вика,чкртки денес-утре слика.

Денес вака,утре така,ќе се слави таа рака

што сликала вчера чкртки,лук и вода,чкртки-мртки.

 

Еве затоа неколку забавни идеи со кои на вашето дете ќе му помогнете да научи да црта.

 

 

1.КАРИКАТУРИ ОД ЧКРТАНИЦИ:

-Нацртајте чкратаници на целиот лист од блок (хартија).Потоа додајте на повеќе места очи,уста,нос,бркови,линии,точки и сл.На тој начин креирата оригинална работа со различен изглед

 

    

2.ЗАБАВНИ ИНТЕРЕСНИ ДУПКИ:

-На поголем формат на лист исечете дупка за лицето.На останатиот дел од листот дајте му на детето слободно да нацрта било што.Што и да нацртало,кога ќе ја стави главата низ дупката ќе се добие сосема нов ефект и нов изглед на цртежот.На овој начин и секој од наредните обиди ќе се доаѓа секогаш до подобри идеи.

  

3.НАЦРТАЈ ГО ОНА ШТО НЕ ГО ГЛЕДАШ:

-За оваа игра потребни се двајца учесници.Едниот учесник треба да ја нацрта задачата,но така што вториот не гледа што се црта.После тоа треба да црта вториот учесник,но сега првиот му објаснува како да црта,но не и што да нацрта.На овој начин децата вежбаат зборови и ориентација,играат асоцијација,учат нови поими и сл.

Пр:За објаснување цртеж потребно е детето да му наведеме да црта круг на средина на листот,некој друг елемент од левата страна на кругот,цртичка во долната лева страна и сл.

Крајниот резултат е секогаш забавен.ПРОБАЈТЕ

4.ЗЕН УМЕТНОСТ(Зентангле техника)

-Прво треба да исцртате различни облици кои ќе бидат полиња,а потоа тоа поле се пополнува со други облици,всушност со што и да сакате.

Крајниот резултат ќе зависи од креативноста и стрпливоста на детето.

           

5. НАЦРТАЈ ….

-Искористете една од понудените техники и нацртајте еден инсект по избор од оние за кои претходно пишувавме.Нацртајте пеперутка, пчелка, бубамара, мравка а можете и полжав или пајак.Изборот е на децата.

 

ЛЕВА РАКА,ДЕСНА РАКА-Васил Пујовски

Јас со десна,не со лева

но со лева црта Весна

мојот цртеж не е цртеж

а кај Весна се е песна.

 

Весна има вешта рака

лева рака,ама лесна

и без мака,ете така

се кај Весна,се е песна.

 

Па за сликар,зошто врева

мене мама не ме роди

ни со десна,ни со лева

ама ништо не ми оди.

 

Весна ќе е сликар славен

јас за друго ќе сум главен

јас ќе пеам друга песна

сликар нека биде Весна.

 

Секако најважно е вашите деца да се среќни и исполнети со љубов.

По секоја завршена задача или обврска веше е да го вреднувате секој труд на детето за крај кажете им дека сте многу задоволни со тоа што го направиле(па каков и да е крајниот резултат).

Сите заслужуваат да бидат наградени со БРАВО,ОДЛИЧНО (следиот пак секако ќе биде уште подобро),СЕ ГОРДЕАМ СО ТЕВЕ и сл.

 

    Овозможете му на детето поттикнување на :

-Да се развива самостојноста,вниманието и истрајноста

-Да се воведува во разни ликовни техники,а преку нивно користење да ги изразува своите мисли и чувства

-Да се поттикнува детето да воспоставува координација око-рака

-Да се поттикнува со користење на шари,цртање и чкртаници да напише некоја порака

-Подобрување на графомоторички вештини

-Вежбање за почетно пишување

За крај на оваа весела активност предлог за една весела песна

Активноста е предлог на воспитувач Н.Мусева

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial