КОЈ ЈА СОЗДАЛ СЕНКАТА? Previous item ДА ВЕЖБАМЕ, ДА СЕ ДВИЖИМЕ... Next item ПЕПЕРУТКИ

КОЈ ЈА СОЗДАЛ СЕНКАТА?

 

Каде е чорапчето ?

Едно утро мајката влегува во собата на Паола и со нежен глас ја буди. Добро утро, мило мое, ајде разбуди се , надвор сонцето огреало, птиците се распеале и те викаат да излезиш во дворот за да си поиграш со нив. Паола веќе се привикна секојдневно да си игра во дворот и кога има сонце но и кога врне дожд. Се радуваше секој ден на новите игри и приказни кои ги измислуваа со мајка и. Интересно беше да гази низ вирчињата со вода после дождот, но и во калта во која изгледаше како да оди низ нешто меко, меко како тесто? Порано немаше време ниту можност за тоа, но сега во периодот кога сите седат дома , неможе да си игра со братучедите, со другарчињата од градинка, научи многу нови игри.

Денес со мајка и ќе си играат на сонцето. Но затоа треба да се подготви. Стана од креветот и право во купатилото, како што е редот, раце, лице, заби да се измијат, коса да се исчешла. Потоа во собата, кревет да се намести и да се облечи. Тука се случува  нешто непредвидено. Го нема едното чорапче на Паола. Бара лево, бара десно во собата, бара над креветот, бара под фотелјата, чорапчето никаде го нема. Се збуни Паола и отиде кај мајка и да ја праша да не знае каде е чорапчето?

Мајка и се насмеа и нежно ѝ рече, Паола, затоа кога ги собираме чорапите ги ставаме заедно за да не ни се случува да ни се изгубат. Ајде сега еве ти нов пар чорапи, облечи ги и дојди да ми помогнеш да ги ставиме на жицата испраните чорапчиња, можеби по грешка се испрало и чорапчето кое што го бараш.

Паола полека ги ставаше на жицата испраните чорапчиња и ги закачуваше со штипка , и навистина сите чорапчиња имаа другарче, само едно чорапче беше осамено, а другото беше во собата на Паола. Откако се исушија чорапчињата, Паола се потруди да ги собере од жицата и полека да ги состави во парови и да го среди за секој ден во неделата по еден пар. Така заедно со нејзината мајка, нацртаа на лист табела и направија распоред на чорапчињата за секој ден во неделата . Во понеделник ќе ги облече чорапчињата со линии и розев дел на прстите и петицата, во вторник чорапчињата што имаат срце и така за секој ден. Со оваа игра Паола си ги средуваше чорапчињата сама и ги научи имињата на деновите во неделата.

 

Моите  чорапчиња

Децата сакаат да помагаат дома, затоа искористете ја секоја пригода да им го овозможете тоа. Дозволете му на детето да ги закачи на сушара своите чорапчиња. Кога ќе се исушат ,  тоа треба да ги собере. Манипулирањето со штипки на детето му е интересно а во исто време е одлична можност запоттикнување на развојот на фината моторика. Откако ќе ги собере чорапчињата ЗАЕДНО со детето барајте ги паровите.

                                      

Откако ќе ги собере чорапчињата ЗАЕДНО со детето барајте ги паровите. Помагајте му на детето само на моменти, бидете трпеливи и радувајте се на секој нов пар.

 

                                

Играта надополнете ја со нацртана табела со обележани денови. Детето ќе има задача да ги препознае чорапчињата од цртежот и до нив да ги стави своите чорапчиња. Од едната страна напишете ги деновите од неделата, за секој ден од неделата  поинаква шара на чорапчињата. Разговарајте со детето за боите на чорапчињата за малите букви, украси на нив. Повторувајте ги деновите од неделата и на овој начин поттикнувајте ја меморијата и т.н. глобално читање. Секој ден повторете го денот, побарајте на листот кои чорапчиња треба да се земат и да се облечат. И она што е исто така многу важно дозволете му на детето само да се облекува и соблекува. Бидете трпеливи, и поттикнувајте ја детската самостојност.

                                           

А кој ги исуши чорапчињата? Сонцето. Ајде да поиграме  на сонцето. Што уште може да направи сонцето?

Од каде доаѓа сенката?

Наредете неколку играчки во дворот, внимавајте да бидат  во иста линија. Заедно со детето разговарајте за нивните сенки. Објаснете му на детето од каде доаѓаат сенките. Сонцето ги создава сенките. Детето нека се обиде да ги нацрта контурите на сенките.

 

                                     

Оваа активност може да ја направите внатре покрај прозорецот.Лист хартија ставете блиску до прозорецот каде пага директна сончева светлина.Детето нека ги црта контурите на сенките кои се создале.

                          

 

 

Чија сенка е поголема?

Децата нека стојат едно до друго. Набљудувајте ги сенките и разговарајте за нив. Која сенка на кому му припаѓа? Чија сенка е поголема? Зошто е поголема сенката на бато?

Со креда нека ги исцртаа меѓусебно сопствените сенки.

                       

Сјајот  на сонцето

Ова сите го имаме пробано како деца ,а сега е време да им го покажеме на нашите деца.На детето дадете му огледало, застанете до прозорецот каде пага сончевата светлина.Нека падне светлина на огледалото.На таванот од собата ќе се појави блесок.Разговарајте со детето и објаснете му дека тоа всушност е одсјај од сонцето.Движете го лево, десно, напред, назад.

                         

Сончев часовник

Од едно парче картон и еден клинец обидете се да направите сончев часовник.Излезете надвор и покажете му на детето како сенката од клинецот може да ни го покаже времето исто како и часовникот кој го имаме дома.

             

 

 

                        

 

Активностите кои директно го вклучуваат детето се главен поттикнувач на детскиот развој. Детето сака да учи а ние треба да го направиме учењето  весело и интересно. Со овие активности кај детето се поттикнува:

-когнитивниот развој :детето усвојува знаења поврзани со сонцето и сончеват светлина како природна појава, стекнува знаења за сенката како појава, знаења за деновите во неделата, броевите….

-моторен развој: се овозможува поттикнување на грубата и фината моторика

-поттикнување на говорот и правилното говорно изразување

-поттикнување на самостојност, самоиницијативност, самодоверба

За крај една интересна песничка

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial