ЕДНО ДЕТЕ – ЕДЕН ЦВЕТ – СИТЕ  ДЕЦА  НАЈУБАВ  БУКЕТ НА ЦЕЛ СВЕТ Previous item ВРЕМЕ НА ПРАЗНИЦИ-ВРЕМЕ НА... Next item 50 години – ДЕН НА...

ЕДНО ДЕТЕ – ЕДЕН ЦВЕТ – СИТЕ ДЕЦА НАЈУБАВ БУКЕТ НА ЦЕЛ СВЕТ

 

 

МАЛИОТ ЦВЕТ

 

Пролетта дојде и приридата се разбуди. Тревата се раззелени, цветовите изникнаа, бубачките се разлетаа. За првпат  оваа пролет изникна еден мал цвет. Ги отвори очите , се протегна , се прозевна , погледна наолоку и се насмевна.

– О, јас сум цвет, колку убаво  – и тогаш ја здогледа пеперутката.

– Еј , застани! Која си ти?

– Јас сум пеперутка.

– Јас сум цвет. Дојди да си игрш со мене.

– Знам јас кој си ти, но не можам да си играм со тебе, ме вика мама.

– Добро – одговори цветот натажено, а потоа се зачуди. Мама? А каде е мојата мајка. Се наведна кон земјата и ја праша – Ти ли си мојаата мајка?

-Не , не сум – одговорила земјата

Цветот погледна кон сонцето и го праша:        – Еј, ти ли си мојата мајка?

-Не, не сум јас твојата мајка.

Тогаш цветот го почувствува ветрот како подувнува и го запраша – Ти ли си мојата мајка?

– Не, не сум јас твојата мајка.

Одеднаш започна да врне ситен дождец, а цветот извика:     – Мамо, мамо, ти сигурно си мојата мајка.

– Не цвеќенце , јас не сум твојата мајка.

Цветот започна тивко да плаче, а потоа се погласно и погласно          – Јас немам мајка. Сите имаат мајка и пеперутката и пчелката и птицата, а јас немам.

Тогаш се појави виножитото :                  – Не плачи цвеќенце и ти имаш мајка. Земјата , сонцето, водата и воздухот ти помогнаа да се родиш.

Цветот ги избриша солзите и се насмевна:       – Благодарам што ми го кажа ова. Сега веќе не сум тажен . И цветот од среќа запеа

Чујте и почујте,

ова не е бајка,

природата ме родила,

таа ми е мајка.

 

Автор-Видосава Стојшин-Неда

 

Дали виножитото ја зборува вистината?

За да се уверите дека е така во саксија посадете семе од цвет, ставете ја саксијата надвор , на сонце ,залевајте ја со вода и ќе видите дека од семето ќе се роди цвет.

 

 

 

-Цвет од рециклиран материјал

Ајде сега ние да направиме цвет. За тоа ни се потребни ножици, картончињата од внатрешниот дел на тоалетна  хартија, лист од блок, темперни бои (може и водени или восочни бои), лепак.Исечете ленти од картонот ,а потоа истите залепете ги на лист хартија формирајки цвет од нив. Со боичќи поттикнете го вашето дете да ја избои внатрешноста на секое ливче од цветот.

 

 

Со оваа активност се овозможува :

– развој на истрајност и упорност во работата

– усвојување на вештина за правилно користење на ножици, четка, боички

– поттикнување на користење на проширени реченици од три и повеќе зборови

– развивање и негување на чувство на задоволство по успешно завршената работа

 

Активноста е предлог на воспитувач  Катица Трајкова

 

Одговорноста за нашата планета е на сите нас. Да ги научеме децата од најмала возраст колку е важно да се грижиме за природата .Тоа чувство се негува со секој засаден цвет, со секое засадено дрво, со грижата за нив.

 

 – Засади дрво, засади цвет-направи го убав овој свет

Секој засаден цвет го збогатува овој свет.Со вашето дете во зависност од можностите,  потрудете се да засадите барем еден цвет. Направете го тоа во саксија и разубавете ја вашата тераса.Потребно ќе ви биде добра воља, саксија со земја и убав цвет. Или засадете го во вашата градина. Набљудувајте кога ќе се појават пупки и кога ќе се појави и расцвета првиот цвет. Доколку имате поголем двор засадете дрво. Заедно грижете се за цветот, дрвото. Наводнувајте го редовно и набљудувајте го неговиот раст и развој. Разговарајте со вашето дете за бојата и формата на листовите и стеблото. Разговарајте за формата и бојата на цветовите.Избројте ги ливчињата, избројте ги цветчињата.

 

Една интересна идеја да ја внесете природата во својот дом. Со малку време и малку трпение направете заедно со вашето дете терариум за билки.(самоодржлив еко систем).

 

-Терариум за билки-За да направите сопствен терариум потребни ви се: поголема тегла, ситни камчиња или песок,ситна мрежа(не е задолжително),  јаглен, земја(хумус) , ситни растенија, украси за декорирање.Терариумот се создава со внимателно поставување на слоеви. Најдолу се става слојот од песок или ситни камчиња.Врз него се поставува ситна мрежа а врз мрежата се става слој од активен јаглен. Истиот служи за филтрирање на водата.Врз јагленот се поставува слој од земја(хумус за саксиско цвеќе).

Откако сте ги наредиле слоевите започнете со  „засадувањето“ на растенијата. Мовот е растение кое е дел од скоро секој терариум поради својот изглед и способноста за прилагодливост.Другите растенија се по избор но истите треба да се со помал раст. Внатрешноста на вашиот  терариум можете да ја декорирате со најразлични школки, мали играчки.

Се налева малку вода и се затвора со капак.Терариумот треба да стои на светло место , но да не е изложен на директна сончева светлина. Наредниот ден ќе забележите капки од  кондензирана вода на ѕидовите од теглата. Тоа е знак дека  вашиот терариум  убаво функционира.На терариумот е потребно  да му се додава вода еднаш во период од три месеци и тоа со мала пипета .Истиот сам се наводенува и овозможува живот на растенијата. Преставува затворен жив еко систем со помош на кој на детето може лесно да му го објаснете процесот на кружење на водата,процесот на создавање на кислород во природата.

 

По толку„ цветни“ активности со кои  ќе го разубавиме денот еве една песничка за нашата планета Земја за која треба сите да се грижиме и да ја чуваме

 

    

https://l.facebook.com/l.php?u=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3D-tB9oUmeyRs%26fbclid%3DIwAR2mYpexMn9sjqkyie689bIc2NVr1klufmMTu8tc29layeJx29xqAYOTAM0&h=AT2z_dVk_7wK4Fy6OkXZMYCz9C8pMiHZQEL6xYxAjs-jqzljgvg9j5NSduBOwCVqQ3QJvv2a8pPiLz55rQx386CrQBeVTpXmZcTyJjhCGtmiXDSk9hVZCL92rskI5Gpi8dQ

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial