ВЕЛИГДЕН ВО ДОМОТ Previous item Е-занимална-ЕДУИНО Next item ВЕЛИГДЕНСКИ ИГРИ

ВЕЛИГДЕН ВО ДОМОТ

 

Сите знаеме дека ни пристигна пролетта, а со пристигнување на пролетта  се ближи  Велигден, празник кој носи многу радост, среќа и топлина во нашите домови.

Приказната за Најголемото јајце ќе ви раскаже за доживувањата на Тино.

 

НАЈГОЛЕМОТО ЈАЈЦЕ

Се ближеше Велигден. Како и секоја година, Тино со родителите отиде на село кај баба и дедо да донесат убави, домашни јајца. Веднаш се упатија во плевната. Беше интересно да се гледа како птиците стануваат од гнездата и им ги даруваат тукушто снесените јајца . Но овој пат ги чекаше големо изненадување. Седалата беа празни. И бабата се збуни.

– Пи  -пи – свика во дворот, но најде само грст пердуви.

– Отишле да шетаат по туѓи дворови – им рече.   -Почекајте, бргу ќе се вратат.

Тино не би бил Тино ако веднаш не стапи во акција.

Штом возрасните се прибраа во куќата, се втурна меѓу плетот и се најде на буништето каде што петелот осамено колваше просо. На патот еден човек тераше шатки и Тино скубна пердув од последната. Како Индијанец тргна да ги бара кокошките. Но го пресретна намуртениот мисир, кој го истурка во поточето. Сиот мокар, се стрча накај куќата на баба.

Од карање го спаси тоа што во меѓувреме се беа вратиле кокошките и на масата го пречека најголемото јајце што го видел. Црвенилото од детските образи наскоро ќе се пренесе на прекрасните јајца.

 

извор –списание за деца„Росица“

 

Нека ви ја прочитаат родителите песничката за Велигден, а вие потрудете се да ја научите:

 

Го чекаме Велигден,

Со срце, со душа,

Велигденска песна

Секаде се слуша.

 

Јајцата бојосани

Блескаат ко свила,

А детската радост

Секому е мила.

 

Ќе направи мама

колачиња разни

Велигден е најголем

Христијански празник.

 

 

Десет јајца скршив

Ширам весел ѕвон

Во кршење јајца

Јас сум шампион.

 

Веројатно за вас дечињата најважно и најинтресно е бојадисувањето на  јајца. Некои во црвена боја, некои во жолта боја, во зелена боја , или пак шарени во различни бои. Затоа во продолжение  нудиме повеќе активности како да направите шарени велигденски јајца и да го украсите домот.

 

 

Зајаче на јајце На хартија во боја нацртајте  јајце, а потоа исечете го. Ставете ја  дланката на детето  во сад со боја и нанесете ја на исеченото јајце од хартија. Потоа оформете го ликот на зајчето со додавање на очи, уста, нос со соодветните бои кои ги нанесуваме со помош на едно прсте на дланката.

 

За оваа активност потребен ни е следниот материјал:

Хартија во боја, ножичка, темперни бои и четка

Воспитувач-Ирена Манева Ристова

 

Шарени јајца

Тек на активноста:    За оваа активност е потребно: лист од блок, молив, ножички, чепкалки за уши, темперни бои, лепило-селотејп и стапчиња за ражничи.Се што треба е на лист од блок со точки да обележите контури на неколку јајца. Децата ќе имаат за цел да ги поврзат точките со што ќе добијат јајца. Откако ќе ги нацртаат јајцата треба да ги исечат со ножички по контурата а потоа со помош на чепкалки за уши и темперни бои да ги бојадисуваат јајцата секој според својата креативност по свој вкус и желба.Потоа, кога ќе се исушат ќе ги залепите на стапчиња за раженчиња и ќе ги поставите за украс во вашиот дом. Децата ќе бидат среќни, весели и задоволни  затоа што и нивните изработки ќе го красат вашиот дом за Велигден.

Активноста е предлог на воспитувач Е.Пиперевска

 

Велигденските јајца можеме да ги украсиме на многу начини. Да украсуваме и да ги вежбаме предграфомоторичките способности кај нашите деца.

-Погоди каква линија сум и нацртај ме-За оваа активност ќе ви бидат потребни картонска коцка, фломастери, јајца. Пронајдете коцка во детските играчки, обложете ја со хартија а со фломастери во различни бои на секоја страна од коцката нацртаја различен вид на линија. Пр права линија, брановидна линија, назабена линија. Секоја од линиите нацртајте ја со различна боја. Детето ја фрла коцката и гледа која линија му се „паднала„ . Разговарајте со детето каква е линијата, во која боја е. Детето треба да го земе фломастерот со иста боја и да се обиде на велигденското јајце да ја нацрта истата линија. Цртајте, украсувајте  и внесете радост во учењето преку  оваа активност.

 

-Украсување на велигденски јајца со декупаж техника-За оваа активност покрај јајца ќе ви бидат потребни шарени салфетки,ножичка, четка и белка од јајце. Од салфетките заедно со вашето дете исечете елементи кои тоа ќе ги одбере. Ставете го делот од салфетката (од салфетката е потребен само горниот слој, останатите отстранете ги) врз јајцето и детето нека нанесува со четкичка од белката  врз салфетката. Ќе добиете прекрасна и интересна текстура за која можете со детето да разговарате откако ќе се исуши јајцето. Разговарајте дали е мазно или рапаво, споредете го со обичното јајце. Збогатете го тактилното искуство на своето дете со секој допир.

Овие  активности овозможуваат да се  поттикне:

-развој на позитивни емоции:љубов, радост и задоволство,

-се развива фината моторика

-се поттикнува креативноста и истрајноста во извршувањето на активноста

-се поттикнува способноста за користење на дланките и прстите на двете раце  за да ракува со ножички и за да црта.

-се поттикнува интересот за користење на различни материјали, алатки, инструменти, предмети и други достапни ресурси за искажување на сопствените креативни идеи и чувства,

– се поттикнува интересот за учество во музички и ликовни активности.

 

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial