Доживотното учење е определба на воспитувачките и сите вработени во детската градинка „Астибо“ со цел да им овозможиме на децата услови за севкупен правилен раст и развој во сите развојни домени. Размената на искуства со колешки од другите држави, согледување на можностите, начините и условите за работа се патоказ за да продолжиме во нашите заложби за продлабочување и проширување на соработката во секој поглед. Така претставници од нашата установа дадоа придонес во реализација на овие средби со презентација на свои трудови :
Илија Митров – стручен соработник – Ритам, мелодија, движење, ритам, спорт
Александра Трајчова, Славица Стојанова – Математика низ игра
Во таа насока во прилог следат фотографии од реализираните обуки, стручни конференции, едукативни работилници, размена на искуства во организација на меѓународни и домашни институции…
- БАПТА – Стручна конференција ПАЛИЧ – Воспитување низ игра и движење
- ГИЗ и ЛС – Стручна обука – Работа со деца со пречки во развојот во градинките
- СУВС Врање – Средината за учење , извор за градење на односи и збогатување на детските искуства – Математика низ игра
- БАПТА и ОЈУДГ „АСТИБО“ -, тркалезна маса – „ВОСПИТАНИЕТО КАЈ ДЕЦАТА ОД ПРЕДУЧИЛИШНА ВОЗРАСТ КАКО ОДГОВОР НАПРЕДИЗВИЦИТЕ НА СОВРЕМЕНОТО ВРЕМЕ“
- БАПТА и ОЈУДГ „АСТИБО“ Размена на воспитувачи и искуства
- УГД – ФОН – Едукативна работилница – Активно користење на пауза -BRAIN BRAKE
- ОЈУДГ „ АСТИБО “ – размена на искуства со воспитувачи од Р Бугарија, град Сандански
Додади коментар