Долгогодишната соработка со нашата докторка Снежана Трајковска продолжува.Децата кои треба да се запишат во прво одделение со задоволство ги проследија нагледните едукативни работилници ,но и практичното прегледување на состојбата на нивните запчиња.Сите деца ја добија потребната потврда која е задолжителен документ за запишување во прво одделение.Им посакуваме успех на идните првачиња.
Додади коментар