ВЕСЕЛАТА ШУМИЧКА – КУКЛЕНА ПРЕТСТАВА
Желбите и интересите на децата се приоритет во планирањето и реализацијата на воспитно – образовните содржини. Преку следење на овие претстави, со практикување на театар на маса како форма на реализација кај децата се поттикнува развојот на говорот, се развива фантазијата им се овозможува да патуваат во светот на непознататото. На овој начин им ги отвораме вратите кон развивање на љубов за убавиот збор, правилниот говор.