МЕДО – ШТЕДО
Одбележувањето на Светскиот ден на штедењето беше можност децата од градинката „Сончогледи“ да ја посетат филијалата на банката Шпаркасе во нашиот град. Потребата и навиките за штедење се учат од најрана возраст, а преку сложувалката и боенката кои ги добија како подарок од вработените, децата се запознаа со авантурите и навиките на МЕДО – ШТЕДО и другарката МЕДЕНКА. Големо благодарам за поканата од вработените на Шпаркасе банка.