Промоција Previous item Право на култура и уметност Next item ЗА УСПЕШЕН СТАРТ

НИЕ СМЕ ТОА ШТО ГО ЈАДЕМЕ – ИЗБОРОТ Е НАШ

Вработените од детската градинка „Астибо“ по повод одбележување на Светскиот ден на храната ја промовираа публикацијата „ Ние сме тоа што го јадеме – изборот е наш“, со цел поттикнување на родителите да ги негуваат навикитекај своите деца за секојдневно консумирање на овошје и зеленчук во различни комбинации и варијации. Понудените креативни изработки ни покажуваат дека сите заедно одиме во права насока . За издавањето на оваа публикација заслуга имаат сите вработени во детската градинка, за што упатуваме голема благодарност.

Секој што ќе има можност да ја разгледа оваа публикација, ќе  се запознае со активностите кои вработените и децата од  детската градинка „Астибо“ , секојдневно ги практикуваат со цел да се стекнат навики за правилна исхрана кај децата од најрана возраст, начин на консумирање на храната, количините потребни во секојдневната исхрана  и  други насоки и информации важни за родителите.

 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Social media & sharing icons powered by UltimatelySocial