НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО 03 – 09 . 10 . 2016
Децата имаат права , а родителите и ние вработените во градинката „Астибо“ се трудиме да овозможиме уживање на истите во секојдневниот престој во нашата установа.
ПРАВО НА БЕЗГРИЖНО ДЕТСТВО И РОДИТЕЛСТВО
Децата заедно со своите воспитувачки изработија беџ кој го носат во текот на оваа седмица како симбол за одбележување на НЕДЕЛА НА ДЕТЕТО.
Покрај права имаат и обврски, но правото на родителска љубов е основно и единствено и затоа преку неколку пораки на сиден весни им ги пренесоа на родителите .
ПРАВО НА ВОСПИТАНИЕ, ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Како треба да се однесуваме додека патуваме со автобус, кога одиме во посета на различни локалитети и институции се учи од најрана возраст, а за да стане тоа начин на живеење треба често да се посетуваат културни установи заедно со другарчињата и воспитувачките, но секако и со родителите. Децата од голема група од сите градинки од нашата установа „Астибо“ беа во посета на ЗОО паркот.
Посетата на НУ Музеј на град Штип, беше ново искуство за децата каде што децата ја видоа куќата во која што живееле луѓето пред многу години, какви садови користеле, од што биле направени, како се пронајдени истите, но голем интерес предизвика посетата на делот каде што е поставката од поновата историја, од експонатите за кои имаат повеќе сознанија и познавања.
ПРАВО НА УМЕТНОСТ
Театарската уметност, што е тоа театарска претстава, како може да се направи кукла и да ѝ се даде живот , беше тема на работилницата која на наше големо задоволство ја организиравми и со својата умешност на децата им ја пренесоа професинални актери од НУ Народен театар од Штип , Ангелка Нашкова, Марија Минчева и Елена Шорова. Можноста да се раскаже приказна заедно со професионалци, да се види како се раководи со марионета, како се прави приказна со „ракавични“ кукли и тн , предизвика неизмерна среќа, радост и задоволство кај сите деца од средна и голема група од градинката „Астибо“ . Веруваме дека ова ќе биде поттик родителите да ги одведат своите деца во театар да проследат претстава за деца на место каде што уметноста ќе ја доживеат и ќе ја негуваат во текот на својот развој.